ДНЕВЕН ХОРОСКОП за 14 јуни (вторник): Тагата и радоста му се познаваат на човекот по лицето!

Астрологија

Јарецот е уморен, Девицата е подготвена за одмор, Терезијата е напорна, Бикот е задоволен

ОВЕН

Работа: Некои ваши грешки и пропусти може да испливаат на површина, па немојте да се нервирате околу тоа, туку обидете се да ги поправите што побрзо.

Љубов: Недостигот од слободно време поради работните обврски може многу да ве оддалечи од саканата личност. Добро би било некако да ги балансирате обврските и љубовната сфера.

Здравје: Одбегнувајте нагли физички движења.

БИК

Работа: Треба да бидете внимателни при сите видови потпишување договори и документации. Нагласена е конфузија, можност за соработка со неодговорни луѓе, погрешни проценки.

Љубов: Обидете се да одбегнете поостри вербални недоразбирања со саканата личност, нема да постигнете ништо.

Здравје: Пад на имунитетот.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Ве очекува многу работа, а ваше е да ги одредите приоритетите и да се позанимавате најпрво со завршување на веќе започнатите обврски.

Љубов: Вашето променливо расположение влијае и врз другата страна. Во еден момент сте многу љубезни и нежни, а потоа станувате нервозни и гневни.

Здравје: Чувајте се од настинки.

РАК

Работа: Многу напорен работен ден ги очекува Раковите. Обидете се што подобро да се организирате, иако тоа можеби малку потешко ќе ви успева. Обрнете внимание на можни грешки.

Љубов: Ако се инаетите, нема да имате шанси да го средите вашиот однос и да бидете задоволни. Треба да разговарате отворено за она што ве мачи.

Здравје: Осетливост на ‘рбетниот столб, болки во нозете.

ЛАВ

Работа: Зголемен обем на обврски ги очекува Лавовите и колку и да се трудите набрзина да завршите сé, ќе ви биде многу тешко да успеете во тоа. Побарајте помош од човек од доверба.

Љубов: Имате можност за ново познанство. Овој период ви е погоден за авантури, флерт и уживање во фино друштво.

Здравје: Осетливост на грлото и на респираторниот систем.

ДЕВИЦА

Работа: Иако овој работен ден може да биде малку понапорен, ќе завршите сé на задоволителен начин. Важно е да не се откажувате.

Љубов: Денес би требало да ви се укажат можности за флерт и кокетирање, а вам ви преостанува да се опуштите и да уживате. Не е поволен период за започнување сериозни приказни.

Здравје: Ви треба повеќе одмор, опуштање.

ТЕРЕЗИЈА

Работа: Денес вашето внимание и концентрација треба да бидат на максимум за да одбегнете посериозни грешки и пропусти, особено со папирологија.

Љубов: Потенцијалното незадоволство од однесувањето на другата страна можете да го ублажите само со отворен разговор. А можете и да му се доверите на некој пријател.

Здравје: Можни осцилации на крвниот притисок.

СКОРПИЈА

Работа: Би можеле да стапите во контакт со личност од минатото, која би можела многу да ви помогне и да ви понуди што се однесува до работата. Искористете ја шансата и разговарајте.

Љубов: Иако нема најави за некои проблеми, љубовната сфера ќе ви биде на дното на листата на приоритети поради презафатеност со други обврски.

Здравје: Зајакнете го имунитетот.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Ќе имате чувство дека сите ситуации почнуваат да застануваат и дека буквално се вртите во круг во однос на некои прашања. Бидете трпеливи и не брзајте, така е како што е.

Љубов: Без значајни случувања на љубовен план. Работата ви одзема многу енергија и време.

Здравје: Заштитете се од физички повреди.

ЈАРЕЦ

Работа: Многу работа ве очекува, и тековна и заостаната. Дајте сé од себе за да ја завршите и да не се доведете во ситуација да ве прекоруваат поради доцнење.

Љубов: Ништо не може да ви ги наруши заедничката стабилност и сигурност, и тоа е добро.

Здравје: Можни осцилации на крвниот притисок.

ВОДОЛИЈА

Работа: Обрнете внимание на папирологијата и роковите, за да не си создадете дополнителни компликации.

Љубов: Иако се трудите да функционирате нормално, очигледно е дека под површината стојат многу прашања и проблеми, кои за сега успешно одбегнувате да ги покренете.

Здравје: Наспијте се доволно.

РИБИ

Работа: Немојте да одбегнувате да се обратите за помош, ќе наидете на отворена врака, особено ако станува збор за некој со кого сте соработувале во минатото.

Љубов: Ве очекува солиден и мирен ден за да уживате во заедничките слободни мигови со вашата сакана личност. Можете и да излезете некаде или да прошетате, ќе ви годи.

Здравје: Можни алергиски реакции.

14 јуни е датумот кој менува се’: 4 знаци треба да се подготват за ГОЛЕМИ промени!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.