„Бегај најбрзо што можеш, ќе те убие во бракот“: Морничав момент на една свадба кружи на Интернет – секунда по оваа сцена следува ПЕКОЛ! (ВИДЕО)

На Интернет кружи ужасна, практично морничава снимка од свадба во Узбекистан, а на неа се гледа моментот кога младоженецот со сета сила ја удира во глава својата сопруга. Имено, младенците се качиле на бината, впуштајќи се во неидентификувана игра, што веројатно е дел од тамошните обичаи, но откако невестата победила, се’ се претворило во вистински кошмар!

Имено, по поразот, младоженецот, очигледно многу лут, силно ја удрил жената во задниот дел од главата. Шокираната и вознемирена, невестата потоа не го ни погледнува, а набрзо си заминува со помош на две жени.

Шокирано изгледа и кумот, кој стои до младоженецот, по што почнал нервозно да се ниша и да гледа во телефонот, додека музиката продолжува да свири. Младоженецот останува да стои на бината, како ништо да не се случило, зјапајќи во тивката толпа, која пред само неколку моменти го бодреше парот.

Коментарите на корисниците на Интернет се полни со хорор, а повеќето од нив го опишаа ова видео како „вознемирувачко“.

Ова ме исполнува со гнев и ужас. Не можам да верувам дека ја удри сопругата на свадбата”, „Кутра жено, бегај додека си жива”, „Ова е болно и понижувачко”, „Остави го сега, немој да размислуваш“, „Гаранција за живот полн со насилство“, се само дел од коментарите.

Видео: Твитер

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.