Водечкиот светски beauty-tech бренд отсега достапен и во Македонија

Уред за неинванзивен лифтинг на лицето

Шведскиот beauty-tech бренд FOREO, кој со своите напредни уреди за нега на кожата донесе револуција во домашната нега на лицето, отсега е достапен во Македонија во продажните салони на „Нептун“.

Основан од страна на иноваторот Филип Седич, FOREO во последните 9 години ја обликува и менува индустријата за убавина. Благодарение на револуционерните уреди од LUNA и UFO линиите и најбрзо растечката категорија на уредите BEAR, брендот стана синоним за професионални домашни третмани за нега на кожата.

FOREO ги освои срцата на познатите личности помеѓу кои и Викторија Бекам, Ким Кардашијан, Меган Маркл, Мајли Сајрус, Синди Крафорд, Криси Тајген и Рита Ора.

Во 2021 година во светот на секоја минута се продаваа 3 FOREO уреди, а неговите иновации инспирирани од науката, природата и луѓето претставуваат долгорочна инвестиција во здравата кожа.

Темелното чистење на лицето е првиот чекор од квалитетната рутина за нега, а уредот LUNA 3 го подига овој ритуал на повисоко ниво. Патентираните T-Sonic пулсации и меките силиконски допирни точки во само една минута овозможуваат длабинско и нежно чистење и отстрануваат 99,5% од нечистотиите, потта и остатокот од шминка.

LUNA 3 доаѓа во 3 варијанти – за нормална, комбинирана и чувствителна кожа, а нејзината површина служи за масажа која ја зацврстува кожата со пулсации од посилен и послаб интензитет, го подобрува тенот и ја обновува текстурата на кожата.

Мал, сладок, но моќен – FOREO BEAR е  најсигурниот микроструен уред на светот кој дава неинванзивен лифтинг на лицето. Стимулирачката микроструја ја прави кожата еластична и цврста, додека T-Sonic пулсациите ги опуштаат точките со напнатост на мускулите на лицето и ги измазнуваат брчките.

BEAR има 5 микрострујни интензитети, а тренира повеќе од 65 мускули на лицето и вратот. Микрострујата е сигурен и безболен начин за зацврстување на кожата и дефинирање на линиите на лицето, а неговите две микрострујни сфери овозможуваат истовремено прецизно третирање на поголеми површини, но и на секоја брчка поединечно.

BEAR се користи во комбинација со хидратантниот SERUM SERUM SERUM, кој ја комбинира антиоксидативната моќ на скваланот и хидратантните својства на хијалуронска киселина. Лесен е, обновувачки и хидратизирачки, а неговата формула со микрокапсули овозможува длабинска апсорпција на врвните состојки и долготраен сјај на кожата.

Луксузни спа моменти и интензивни третмани лица во само 2 минути може да се доживеат и од домашната удобност со единствениот UFO 2 уред, кој спојува термотерапија, криотерапија, T-Sonic пулсации и полн спектар LED светла.

UFO 2 својот ѕвезден статус го стекна со комбинација на иновативни технологии кои поттикнуваат создавање колаген, го изедначуваат тенот, ја смалуваат видливоста на брчките и подочниците, т.е ја подобруваат апсорпцијата на хранливи состојки на UFO  маските.

Интензивниот третман за лице UFO 2 во само 90 секунди го подобрува нивото на хидратација на кожата за 126%, а овој ефект трае и до 6 часа. Покрај тоа, клинички е докажано дека значајно ја намалуваат појавата на брчките по само седум дена користење.

Од хидратантни до корективни, FOREO во својата понуда има повеќе од 10 различни UFO маски кои одговараат на специфичните потреби на различните типови кожа. Инспирирани од корејската нега на кожата, сите формули се креирани од природни и безбедни состојки, дерматолошки тестирани и не содржат парабени, алкохоли, сулфати, формалдехид или EDTA .

FOREO LUNA 3, BEAR и UFO 2 се достапни во сите продажни салони на „Нептун“.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.