Внимавајте што вклучувате во продолжен кабел: Еден уред може да направи голем проблем и да предизвика пожар

Обрнете внимание

Уредот што не смее да се приклучува во продолжен кабел честопати е главната причина за пожар

Студените денови со себе носат потреба за грејни тела кои ќе ги направат нашите домови потопли. Меѓутоа, треба да внимаваме како ги оставаме грејните тела кога не сме дома.

Имено, голем број пожари настануваат како последица од неправилно користење грејни тела, како и од нивната состојба.

Статистички гледано, греалките се втората причина за настанување пожар, што многумина ги остава без коментар, со оглед на тоа што повеќето луѓе се греат со нивна помош. Кога греалките се користат неправилно, лесно може да им станат најлошиот кошмар на пожарникарите.

Експертите напоменуваат дека греалките можат да доведат до пожар ако се вклучени во продолжен кабел, со оглед на тоа што не може секој продолжен кабел да ја поддржи различната електрична моќ на апаратите што се вклучуваат во него, најчесто истовремено.

Доколку сакате да одбегнете катастрофа и пожар, придржувајте се до следниве правила кои можат многу да ви помогнат и да дејствуваат превентивно:

  • Никогаш не ја оставајте греалката вклучена без надзор.
  • Немојте да спиете додека ви работи греалката.
  • Држете ја греалката околу 1 метар оддалечена од мебел, ќебиња, облека и завеси.
  • Наместо да прибегнувате кон опасни начини на загревање на домот, посветете повеќе внимание на тоа да го спречите снижувањето на температурата во вашиот дом. Набавете ленти за прозорци и врати или некои штитници што ќе ја држат топлината внатре и ќе го спречат влегувањето ладен воздух под вратите. Можете да користите и фолија со меурчиња за пакување, која ќе ја ставите на вашите прозорци.
Како да го исчистите шпоретот без премногу мака: Ви треба само едно нешто што сигурно го имате во кујна
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.