Како да го исчистите шпоретот без премногу мака: Ви треба само едно нешто што сигурно го имате во кујна

Корисен совет

Дознајте како без премногу мака да го исчистите шпоретот и да им го вратите сјајот на ринглите

Сите сакаат кујна што секогаш ќе биде уредна, блескава и чиста. Меѓутоа, некои нејзини делови лесно се валкаат, а тешко се чистат, па самата помисла на чистење знае да зададе главоболка. Еден од нив, секако, се ринглите, особено ако се стари.

Ако не знаете како да се справите со наслагите нечистотии на ринглите, постои едноставно и практично решение.

Имено, сите средства за чистење имаат еден недостаток – мора да ги оставите да дејствуваат некое време, но ако се исушат и пресушат, тогаш ќе морате уште посилно да триете за да го отстраните слојот закоравени маснотии и нечистотии. Тука може да ви помогне тенката, проѕирна фолија.

Нанесете средство за чистење во подебел слој, па веднаш развлечете ја фолијата преку плочите, залепете ја преку влажните површини и оставете го средството да дејствува неколку часа, а доколку сте во можност, оставете го преку ноќ.

@aurikatariina THE BEST CLEANING HACK!! 😎👊 Byebye burnt stains 👋🏻🔥 #cleantok #cleaningtiktok #satisfying #cleaninghack #cleaninghacksforyou ♬ Paradise – Ikson

Потоа, извадете ја фолијата, натопете сунѓер во што потопла вода, па со него истријте ги површините на ринглите, а закоравените наслаги ќе исчезнат без многу мака. На крајот, соберете го вишокот течности и пребришете ги ринглите со сува крпа.

Оваа постапка можете да ја примените и за чистење на рерната и решетката, која е многу позамастена, по истиот принцип.

Магична паста за чистење бања: Блескаво бели санитарии со помош на 3 состојки што веќе ги имате!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.