На 20 години завршила во харемот на најбогатиот криминалец: „Се менував со 11 жени, а денес се каам само поради ОВА“

Потресна исповед

Џил Џод денес има 62 години, три деца и тројца мажи, успешен бизнис и спомени што ретко кој ги има. Но се кае само поради едно нешто

Џил Џод денес е успешна бизнисменка, но во 1980-тите години, таа била „жена за задоволување“ во харемот на милијардерот и саудискиот трговец со оружје Аднан Кашоги.

Џил раскажала дека била вљубена во Кашоги, кој бил 24 години постар од неа и кој секојдневно ја опсипувал со подароци, дијаманти и ѓердани од злато.

Иако Кашоги ѝ бил единствената љубов, таа го делела со други жени кои живееле во харем.

Првата ноќ што ја поминале заедно почнала така што Кашоги ја гледал Џил како се капе во пенлива бања, а потоа завршиле меѓу свилени чаршави.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jill Dodd (@jill_dodd)

Џил свесно се согласила да биде една од 11-те жени на Кашоги, а во своите мемоари тоа го опишала вака:

„Кажав да и со тоа го запечатив договорот додека усните ни се преплетуваа. Во тој момент станав членка на харемот на Аднан, менувајќи се со други жени за да имам секс со мажот што го сакав“, напишала Џил.

А како почнало сѐ?

Џил Џод имала само 20 години кога потпишала договор со агенција за модели. Позирала за француски магазин, а потоа се појавила во Кан, каде што го запознала Кашоги.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jill Dodd (@jill_dodd)

Откако танцувале романтично, таа дознала кој е Кашоги:

„Занесени и без здив, конечно седнавме. Мојот нов партнер ме погледна в очи и на подлактицата со црвени букви нежно ми напиша ’те сакам’. Ми требаше минута да сфатам дека крвавам. Случајно или намерно, ме исече со стакло…“

Следниот ден Џил завршила на јахтата на Кашоги, каде што подоцна се снимал и филм за Џејмс Бонд. Кашоги подоцна истата јахта му ја продал на султанот од Брунеј, а потоа јахтата му припаднала и на Доналд Трамп.

Џил и Кашоги седеле на таа јахта до пет часот наутро, додека тој ѝ раскажувал како го стекнал своето големо богатство:

„Во текот на наредните неколку недели, Аднан ме разгали – ми дозволуваше да облекувам облека од неговите модни колекции. На фотографиите имаше високи и слаби девојки, ученички што ја носеа неговата облека.“

Како што минувале месеците, Џил сѐ повеќе се вљубувала во Кашоги, кој постојано бил опкружен со жени. Кон крајот на 1981 година почнала да се чувствува непријатно во тоа опкружување, па ја прекинала врската во 1982 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jill Dodd (@jill_dodd)

Џил Џод денес има 62 години, мајка е на три деца и сопственичка е на бренд за облека за сурфање. Живее во Калифорнија со својот трет сопруг, а вели дека се срами од своето минато, бидејќи сите претпоставуваат дека била проститутка.

Погледнете ја нејзината неверојатна приказна во продолжение…

„Скрши чаша и со својата крв напиша дека ме сака“: Кога Џил се вљубила во шеик, немала поим во што се вплеткува!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.