„Скрши чаша и со својата крв напиша дека ме сака“: Кога Џил се вљубила во шеик, немала поим во што се вплеткува!

Живот во харем

„Се вљубив и се согласив да живеам во харем чекајќи го да дојде кај мене“, раскажала Џил

Харемите на саудиските шеици отсекогаш го привлекувале вниманието на јавноста. Но што се случува таму секогаш било мистерија, а мал дел од неа открила 60-годишната Џил Дот во книгата што ја објавила во 2017 година. Неодамна открила и нови детали во долгоочекуваниот подкаст.

Денес можеби е попозната како успешна бизнисменка и основачка на модниот бренд „Рокси“, но во текот на 1980-те била една од девојките во харемот на саудискиот шеик и трговец со оружје Аднан Кашогџи.

Дог го запознала Кашогџи на една забава во Париз кога имала 21 година. Тој ѝ пристапил и ја поканил да танцуваат. Во тој момент таа не знаела со кого танцува, тоа го дознала подоцна. Во тоа време, Кашогџи имал четири милијарди долари и многумина верувале дека тогаш бил најбогатиот човек на светот. Познатиот Саудиец бил најпознатиот трговец со оружје кој соработувал со бројни земји, произведувачи на оружје, но и со приватни клиенти од целиот свет.

Дот во моментот кога го запознала работела како модел. Неа ја заинтересирал со ексцентричниот начин на кој се обидел да ѝ привлече внимание, особено во моментот кога скршил чаша шампањ додека танцувале. Откако седнали, со својата крв на нејзината рака напишал „те сакам“.

„Немав поим кој е тој, но многу ми се допаѓаше“, раскажала таа.

Во моментот кога се запознале, Кашогџи веќе бил оженет и татко на пет деца, но имал право на 11 жени за задоволство. Една од нив набрзо станала и таа. Живеела во неговите одаи во Саудиска Арабија и чекала да дојде на ред за сексуален однос со богаташот. Уживале во заедничките вечери, а тој ја водел и на најлуксузните забави.

„Ќе се заклучевме во соба и со денови водевме љубов, јадевме, готвачот ни носеше храна, земавме кокаин и спиевме каде сакавме“, раскажала Џил пред една година за „Индипендент“, а оваа година открила и досега непознати детали.

Пред воопшто да стапат во врска, со него потпишала петгодишен договор. Во него стоело дека тој ќе се погрижи за неа во апсолутно сите аспекти, но таа ќе мора да му биде на располагање 24/7.

Го прифатила тоа и на самиот почеток им била љубоморна на другите жени во харемот, но откако ѝ била дијагностицирана анксиозност, таквиот живот почнал да ѝ станува одбивен. Откако на раката на други жени видела идентичен прстен каков што имала таа, сфатила дека животот со милијардер не е таков каков што сонувала дека ќе биде.

„Раскинавме кратко после тоа и главно чувствував олеснување, бидејќи сфатив дека трчањето по среќа преку пари е исто како да трчам по сопствената сенка“, раскажала таа.

Своето искуство го објавила во книгата „Цената на љубовта: Храбро патување за наоѓање љубов“ во 2017 година. По животот во харемот, сосема го променила животот. Се омажила и родила три деца.

„Никогаш не сум се сметала за проститутка, а и понатаму не го мислам тоа за себе“, вели таа.

Нејзиниот љубовник, контроверзниот Аднан Кашагџи починал неколку дена по објавувањето на нејзината книга.

Нејзиниот живот е како најлошиот кошмар: Додека сопругот спие со кого стигне и се забавува, таа е затворена дома! (ВИДЕО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.