Нејзиниот живот е како најлошиот кошмар: Додека сопругот спие со кого стигне и се забавува, таа е затворена дома! (ВИДЕО)

Сопругата на Ким Џонг Ун

Пи Сол Џу е сопруга на Ким Џонг Ун, апсолутниот владетел на Северна Кореја и вака изгледа нејзиниот живот

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун три недели не беше присутен во државните медиуми, што беше необично долго и тоа поттикна шпекулации за неговото здравје, како и загриженост за ситуацијата во земјата, кога би требало да се одбира негов наследник.

Меѓутоа, севернокорејските медиуми пред десетина дена објавија фотографии и видеоснимки од Ким на свеченото отворање на фабрика за вештачко ѓубриво.

Додека се знаат бројни пикантерии и бизарни детали за Ким Џонг Ун, неговата сопруга е вистинска мистерија. Ѝ забранил венчавка и погреб, ѝ го убил родениот брат, уредил држава без елементарни човечки права, па не е многу тешко да се заклучи дека Ким Џонг Ун не поседува квалитети на добар сопруг.

Го избришал нејзиното минато

Неговата сопруга е сосема друга приказна. Пи Сол Џу наводно е родена во периодот помеѓу 1985 и 1989 година, иако никој не знае точно, а се наведува дека тоа не е нејзиното вистинско име, туку псевдоним.

Нејзиното семејство е дел од севернокорејската политичка елита, а бројни извори тврдат дека таа целиот живот била воспитувана за да му биде сопруга, како и многу други девојки кои биле на соодветна возраст за венчавање со Ким. Завршила средно училиште во Пјонгјанг, односно студирала музика во Кина, што не е ништо необично со оглед на тоа што познато е дека Ким е голем обожавател на танц и песни, а во жените гледа луѓе „чија должност е да го забавуваат“.

Наводно, некое време била дел од оркестарот Унхасу и имала неколку јавни настапи. Севернокорејските власти и полицијата спровеле строги мерки за уништување на сите материјали кои ја прикажуваат Пи Сол Џу во таа фаза од животот, бидејќи сега веќе не е примерен фактот дека пеела за други.

Освен тоа, таа била и активна навивачка и се натпреварувала на азиското атлетско првенство кое се одржало во Јужна Кореја. До нивно запознавање и брак не дошло затоа што Пи му фатила око на Ким, туку затоа што неговиот татко, претчувствувајќи дека е во лоша здравствена состојба пред мозочен удар, го договорил нивниот брак во 2008 година, а тој се остварил во 2009.

Тренира дисциплина на неа

Иако понекогаш се појавува на разни социјални маршови и манифестации со својот сопруг, забележани се и долги периоди, од година-две, кога Пи Сол Џу воопшто не може да се види. Се шпекулирало дека Ким можеби ја убил, но помалку драстичните идеи велат дека Ким ѝ забранува да излегува како „тренинг за дисциплина“.

Се претпоставува дека парот има две деца – едно родено во 2010 и едно родено во 2010 година, што се поклопува со нејзиното долготрајно исчезнување од јавноста. Во тоа време, во посета на Северна Кореја бил кошаркарскиот идол на Ким Џонг Ун, Денис Родман, кој по враќањето во САД изјавил за британските медиуми дека лидерот добил ќерка, здрава наследничка.

Барал да се индуцира побрзо породување, затоа што не му се допаѓал датумот?

Неговото лудило оди дотаму што опседнат од ликот на својот дедо и основоположник на државата Ким-ил Сунг, наводно направил голем број пластични операции за да личи што е можно повеќе на него.

Освен тоа, анонимен извор од севернокорејската влада изјавил дека Ким барал на неговата жена порано да ѝ се индуцира породувањето за да се роди детето кон крајот на 2012 година, кога се обележувало 100-годишнина од раѓањето на Ким-ил Сунг – без оглед на здравствените ризици за мајката и детето. Детето наводно се вика Ким Ју аје.

Ја убил поранешната девојка и љубовница од љубомора?

Со оглед на тоа што обожава пејачки, не е чудно тоа што имал уште една девојка од оркестарот Унхасо пред Пи Сол Џу, а таа наводно продолжила да му биде љубовница и во бракот. Љубовната врска помеѓу Ким Џонг Ун и Хјон Сонг-Вол се одиграла во 2007 година. Таа и уште 12 други познати пејачки биле одведени пред стрелачки вод на 20 август 2013 година, додека нивните семејства биле принудени да гледаат како ги убиваат со стрелање.

Публиката“ на погубувањето била одведена во затвор, а потоа ништо повеќе не се чуло за нив, ниту биле видени. Можно е Хјон да настрадала по наредба на сопругата на Ким или да ѝ се пресудило поради тоа што еден порнографски филм со видео од оргија на севернокорејската елита завршил во Кина, а за тоа зборувала една танчарка за јужнокорејските медиуми, која побегнала од Северна Кореја.

Жена му мора да го трпи неговото изживување и оргии

Во Северна Кореја наводно постои таканаречената Петта дивизија, харем од околу 2.000 жени кои имаат задача да ги забавуваат партиските функционери и потоа да спијат со нив.

Оваа пракса постои уште од времето на Ким-Ил Сунг, кој буквално ја сфатил својата улога на „татко на нацијата“. Наводно, и самиот Ким-Ил Сунг ги користел услугите на танчарката-проститутка и зачнал голем број вонбрачни деца со неа, а потоа со неа продолжил Ким Џонг Ун.

Оргиите наводно се организираат и со девојчиња девици, од кои некои имаат само 13 години. По девојките во училиштата доаѓаат војници кои ги одведуваат и ги предупредуваат дека не смеат ништо да му кажат на семејството, во спротивно ќе ги убијат. Кога ќе ги земат, ги носат девојките на доктор кој утврдува дали тие се невини. Ако се невини, тинејџерките ќе станат дел од таканаречената „единица за задоволство“. Таму ќе добијат титула „забавувачки за возрасни“, кои ѝ стојат на располагање на државната и воената елита. Девојките ги бараат државни агенти, кои во училиштата наоѓаат високи и убави млади жени кои сакаат да тренираат во хотелот во Пјонгјунг.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.