Мобилен телефон на слика од 19 век? Шкотскиот поет Роберт Барнс држи нов модел на познатиот апарат?!

Што мислите вие?

Сите се заинтригирани од она што се крие во уметничкото дело на стариот портретист!

Сликата од 1882 година наречена „Свршувачката на Брнс и Хајленд Мери“ била насликана од шкотскиот портретист Џејмс Арчер. 

Сликата ги прикажува познатиот шкотски поет Роберт Барнс и неговата девојка Мери Кембел како си изјавуваат љубов еден на друг, но и еден чуден предмет. Поетот ги држи капата и капутот врз раката, а со другата рака ѝ дава на девојката предмет. Веројатно станува збор за размена на Библии, традиционален чин во тоа време.

Меѓутоа, многу луѓе денес, кога ја гледаат оваа слика, наместо Библијата, гледаат мобилен уред. И навистина, кога ќе погледнеме малку поблиску, предметот што поетот ѝ го дава на својата девојка изгледа како модерен телефон.

Да беше сликана денес, можеби поетот ќе одлучеше да го овековечи овој важен момент од својот живот со селфи.

Можеби познатиот шкотски портретист бил „пророк“, или можеби денес, опкружени со модерна технологија, сите паѓаме во стапицата на оптичката измама, па сè нè потсетува на уредите на модерната технологија.

Во секој случај, ова не е прв пат многу луѓе да најдат „предмети од иднината“ на стари слики.  Затоа, погледнете ги внимателно уметничките дела, кој знае што можат да ви откријат необични детали на нив.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.