И жените сакаат секс! Зошто никој не нè научи за важните работи?

Секс-мудрости од прва рака...

Сексуалното образование во училиштата е повеќе од сиромашно. Се запрашав: што ќе сакав да дознам на часовите, а го научив по потешкиот пат, правејќи грешки во животот? Одоздола е одговорот на моето прашање, а потоа им го поставив и на моите другарки. Еве ги нашите „секс-мудрости“ од прва рака…

Дали е ова иднината на сексот?

Земајќи предвид дека сè почесто за меѓусебните контакти користиме технологија, па и двојките се запознаваат онлајн, често се прашувам дали во иднина врските ќе функционираат само виртуелно.

Уште повеќе почнав да размислувам за тоа кога прочитав еден странски напис за „Теледилдонис“. Сте слушнале за него?

Станува збор за технологија што се состои од секс-играчки поврзани преку апликација, а служи за виртуелен секс меѓу луѓе што се разделени. Секс на далечина. Секс-играчките се поврзани преку Интернет и реагираат на допир, како паметните телефони – вашиот партнер може да почувствува сè што правите со своето помагало и обратно.

За да се впуштите во оваа авантура, потребно е да се регистрирате на апликацијата FeelConnect. Потоа вклучете FaceTime за да се гледате со партнерот.

Како што ја допирате својата секс-играчка, така го стимулирате помагалото на партнерот. Чудно, зар не? Немав можност да го пробам ова, но на Интернет пронајдов искуства на луѓе што го пробале.

Повеќето од нив истакнуваат дека недостигаат голем број други нивоа на сексуалното искуство, како што се галење и бакнежи. А прочитав и коментари што велат дека имате чувство како да водите љубов со робот.

Текст: Тамара Богунова

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.