И жените сакаат секс! Зошто никој не нè научи за важните работи?

Секс-мудрости од прва рака...

Сексуалното образование во училиштата е повеќе од сиромашно. Се запрашав: што ќе сакав да дознам на часовите, а го научив по потешкиот пат, правејќи грешки во животот? Одоздола е одговорот на моето прашање, а потоа им го поставив и на моите другарки. Еве ги нашите „секс-мудрости“ од прва рака…

Кој сте вие сексуално?
Ова не е тест! Не постојат точни и погрешни одговори. Замислено е прашањата да ве поттикнат да размислувате за својата сексуалност и да ви помогнат да одговорите на клучното: каков секс всушност сакате?

Бидејќи се случува влијанието од пријателите, семејството, религијата, од сопственото минато да нè спречува да го имаме сексуалниот живот што го сметаме за задоволителен.

Вистина е дека добриот секс зависи од тоа дали и колку внимателно ги слушаме сопствените желби и тело. Додека одговарате на овие прашања, размислете што ве спречува да го правите тоа по кое копнеете.

За што размислувате додека водите љубов?

Колку пати за време на сексот се фокусирате на тоа што мисли вашиот партнер за вас? Ако вашиот одговор е никогаш, тогаш нема потреба да читате понатаму. Меѓутоа, верувам дека случајот не е таков.

Многу од нас се загрижени и тоа многу – дали го правам тоа како што треба? Дали му се допаѓа? Дали го гледа мојот целулит? Ваквото размислување секако дека ќе ве спречи во постигнување оргазам.

Затоа, кога и да почнат да ви навираат ваквите мисли, трипати вдишете и издишете длабоко, така ќе се смирите и ќе се релаксирате. Присетете се дека не сте се согласиле на секс за да се измачувате со негативни мисли, туку за да уживате со партнерот.

Која е вашата сексуална улога?
Јас сум try-sexual – сакам да пробам сè, е познатата изрека на Саманта од „Сексот и градот“. За разлика од неа, многумина од нас прифаќаат одредена сексуална улога и не отстапуваат од неа – без да се свесни за тоа.

Дали се сметате за срамежлива личност која се согласува на секс само кога тој ќе посака? Или сте добра љубовница која секогаш настојува да го задоволи својот маж? Дали ве привлекува секс со недостапни мажи? Прашајте се дали на тој начин сакате да привлечете партнер или имате намера да избегнете емотивно врзување. И што е најважно – размислете што ве спречува целосно да уживате во сексот.

Ако ваквите „етикети“ ве спречуваат да доживеете оргазам, време е да ѝ се вратите на првобитната улога – бидете она што сте и барајте го она што ви годи.

Заробени сте во стереотипите? Мислите дека мажите не претпочитаат орално да ја задоволат жената? Никогаш не би прифатиле тројка? Сметате дека мажот не ужива во сексот доколку не доживее оргазам?

Ваквиот начин на размислување може сериозно да ѝ наштети на врската. Затоа, не претпоставувајте, туку уверете се. Тоа не значи дека треба да прифатите секс што не ви годи, но секако би било корисно малку да ги олабавите кочниците.

Не мора да ја спроведете тројката во дело, но можете за неа да фантазирате заедно со партнерот. Намалете ги строгите погледи на сексот и ќе видите каде ќе ве доведе тоа.

Што ги возбудува жените?
Истражувајќи на оваа тема, налетав на профилот howtomakemecome.tumblr.com, кој е збирка од есеи на анонимни жени кои зборуваат за женскиот оргазам. Понекогаш постигнувањето оргазам, но и самиот разговор за него, е голем предизвик за жените, токму поради различните сфаќања за женската сексуалност во современото општество.

На оваа страница е отворен дијалог за тоа како жените постигнуваат сексуално задоволство. Овие жени пишуваат за своите искуства, желби и фрустрации надевајќи се дека тоа ќе ги инспирира и ќе ги поттикне да почнат разговор и со партнерот. Замислете овие есеи да му ги прочитате на сегашниот или на некој иден дечко, маж! Што би сакале да научат од нив? Еве што издвоив…

До секс не се доаѓа во вакуум
Прочитајте го Tongue plus fingers makes me shake all night – речиси сите го истражуваат емотивниот елемент на поврзување на двајца луѓе. Многу жени пишуваат дека полесно и побрзо доаѓаат до оргазам доколку нивниот партнер е внимателен и води сметка за нивните чувства. Тоа е навистина така.

Со разговор до оргазам
Ако за време на сексуалниот чин, партнерот ве праша: „Дали ти се допаѓа ова? Или „Што чувствуваш додека ти го правам ова?“, одговорете му! „Не постои нешто повозбудливо од тоа да ти кажувам што сакам, а ти да ме слушаш“, напиша една од авторките на есеите.

Друга во својот есеј се присетува на ноќта кога партнерот ѝ шепнал на уво: „Никаде нема да одиш додека не те доведам до оргазам.“

Доверба како предуслов за оргазам
Постигнувањето оргазам е поврзано со меѓусебната доверба. Многу жени изјавија дека пишувањето за тоа што им се допаѓа, а што не, и што им е потребно да доживеат оргазам – ги охрабрило да разговараат со својот партнер. Повеќето открија дека потоа значително им се подобрил сексуалниот живот.

Разговорот ги пали жените. Ако со партнерот разговараме за оргазмот, ќе се подобрат и другите области на нашиот живот. Исто како што ќе се подобри и сексуалниот доколку разговараме за другите животни аспекти. Довербата е клучна.

Зошто фотографијата „на онаа работа“ никогаш не е добра?
Мадлен Холден во своето електронско сандаче има повеќе од 4.000 фотографии на пенис. Всушност, таа сама ги побара на својот тумбрл-профил Critique my dick.

Концептот на нејзината страница се состои од тоа мажите да ѝ испратат уметничка еротска фотографија од својот пенис како би добиле повратен одговор од неа. Нејзините критики се нежни, но конструктивни. Според неа, овој сајт претставува позитивен пристап кон секстингот.

И мажите, како и жените, се борат со голем број несигурности, како што се вишок килограми, влакнетост, со дополните загриженост за големината на пенисот. Позитивната критика е одлична техника за подобрување на самодовербата.“

Текстот продолжува на следната страница…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.