И жените сакаат секс! Зошто никој не нè научи за важните работи?

Секс-мудрости од прва рака...

Сексуалното образование во училиштата е повеќе од сиромашно. Се запрашав: што ќе сакав да дознам на часовите, а го научив по потешкиот пат, правејќи грешки во животот? Одоздола е одговорот на моето прашање, а потоа им го поставив и на моите другарки. Еве ги нашите „секс-мудрости“ од прва рака…

Како стасавме дотука?

Запознајте ги (и заблагодарете им се) на жените што помогнаа во нормализацијата на нашите желби.

1973 г. Ерика Јонг ја создаде фразата „zippless fuck“(„секс без патент“)

Со книгата „Страв од летање“ ја дефинира оваа фраза како секс заради секс, без некои други мотиви и без емоционално врзување.

1976 г. Сексуални играчки

Една година пред да го отвори секс-шопот, Џоана Бланк ја напиша книгата Good Vibrations – водич за постигнување оргазам со помош на вибратор. Го препорача Hitachi Magic Wand – во тоа време „кадилак“ меѓу сексуалните играчки.

1992 г. Мадона го фали аналниот секс

Поп-кралицата издаде книга со еротски фотографии на кои симулира секс со мажи и со жени, со кратки приказни за своите сексуални фантазии. Најспорна беше онаа на која, на свој начин, ги прикажа сите радости на аналниот секс со описот: „Најзгодниот начин најмногу боли“.

Прочитајте и: Ако ги имате овие седум особини, вие сте жена што зрачи со сексапил!

2004 г. Џена Џејмисон го пренасочува фокусот од еротика на порно

Во мемоарите „Како да водите љубов како порно-ѕвезда“ детално опишува експлицитни секс-сцени. Објаснува дека во една пригода партнерот толку брзо и јако ја „треснал“ што „обидот да го одржи контактот со очи изгледал како читање на Достоевски на ролеркостер“.

2017 г. Sex positivity

Новинарката Аби Хадлеџ, која главно се занимава со темите за родова рамноправност, вели дека денес феминистичките сајтови се најзначајни места на кои младите жени бараат еднакви права за сексуална слобода и избор. Како ќе еволуира женската сексуалност идната деценија? Тоа зависи и од вас.

Текстот продолжува на следната страница…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.