Стјепан Хаусер: „Жените мора да го прифатат фактот дека во моето срце секогаш ќе бидат на второто место“

Бескомпромисен дури и во љубовта

Виолончелистот и бивши свршеник на поп-пејачката Јелена Розга, Стјепан Хаусер (33) во разговорот за магазинот „Стори“ отворено зборуваше за позицијата на жените во неговото срце, а неговата изјава дефинитивно нема многу да им се допадне на неговите идни избранички. Еве зотшо:

Мора да го прифатат фактот дека во моето срце, во однос на виолончелото, секогаш ќе бидат на второ место. Кога ќе размислам малку подобро, тоа и не е толку лоша позиција (се смее)“.

Прочитајте и: Лола Астанова ја откри вистината за односот со Стјепан Хаусер: Еве што се крие зад оваа фотографија

 

 

View this post on Instagram

 

Love Story in Venice 💕

A post shared by HAUSER (@hausercello) on

На прашањето на новинарот на „Стори“ кои особини ги посакува кај жената, популарниот музичар одговори:

До утре би можеле да набројуваме што и како би сакале. Љубовта е посилна од сите наши одлуки и не прашува многу (се смее). Мене ми преостанува да се надевам дека ќе го добијам она што го посакувам.“

 

View this post on Instagram

 

Love The Way You Lie 🖤

A post shared by HAUSER (@hausercello) on

За Стјепан се зборува и дека не прифаќа компромиси во љубовта, а еве што вели тој за тоа…

Според мене, доколку врската оди во добра насока, пожелно е да правиме мали компромиси, но не се согласувам дека треба да се согласуваме на нив за да го зачуваме односот. Менувајќи се стануваме сосема други личности од оние што се споиле и се засакале, што не е добро“, вели Хаусер.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.