Кажете ѝ „не“ на храната за утеха!

Советува нутриционистката Цвета Динева

Мали промени во исхраната и секојдневно пешачење од минимум половина час можат да доведат до севкупна благосостојба

Понекогаш кога ќе нè сардисаат проблеми и стресови, утехата ја бараме во храната, прејадувајќи се и внесувајќи голем број калории. На тој начин голем број луѓе пред летото сфатија дека го зголемиле бројот на килограмите, но и дека се зависни од „храната за утеха“.

Сепак постои начин како да се спасиме од маѓепсаниот круг, без голема мака, тврдат експертите. Потребно е да внесеме мали промени во исхраната и секој ден да пешачиме минимум половина час. На тој начин значително ќе ги подобриме расположението и здравствената благосостојба.

Секому му е потребна персонализирана нутритивна програма што ќе придонесе во голема мера да се чувствуваме подобро.

Прочитајте и: Добро запомнете ги советите на докторот Антони Бергам: Вака се хранат онколозите…

Фактот дека животот во 21 век е полн со стрес и со напнатост, дека главно се одвива во затворен простор со недоволно физичка активност, дека е придружен со огромна понуда на храна со разна енергетска и нутритивна вредност, бара нутритивната терапија да мора да решава многубројни ризици за здравјето, па не може да се зборува за универзални препораки.

Затоа е важно секој поединец да побара помош од лекар-диетотерапевт за да добие индивидуални препораки и совети што треба да смени во начинот на исхрана“, советува нутриционистката Цвета Динева.

Нутриционистка Цвета Динева

Расположението може да се подобри и со дружење со драгите луѓе, со прошетка во природа со семејството, со одење во кино или на театар, со читање добра книга, вежбање во природа… Ќе бидеме радосни што ќе можеме да ги потрошиме натрупаните килограми.

Прочитајте и: Ако не можете да ослабите, задолжително проверете го црниот дроб: Со ваков начин…

Текст: Убавина и здравје

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.