6 навики поради кои никогаш нема да ослабите: Не е до храната, до вас е!

Жива вистина!

Преку метаболизмот, телото ги трансформира калориите добиени од храната во енергија, а ако метаболизмот се забави, доаѓа до таложење вишок килограми

По 35-тата година, метаболизмот значително се забавува, килограмите се таложат и се’ потешко е да се контролира тежината.

Знаци на забавен метаболизам се следниве:
  • Личноста ја зголемува тежината, иако се храни со нормална храна. Килограмите се таложат на половината и стомакот.
  • Чувството на замор постојано е присутно, работната способност се намалува, концентрацијата опаѓа.
  • Кожата на телото е сува, се лупи и покриена е со осип.
  • Ноктите се лупат, слаби се и бавно растат.
  • Косата се проретчува и станува многу потенка.
  • Лицето често страда од силни главоболки, се јавуваат мигрени.
  • Бавниот метаболизам значи дека на личноста постоано и’ е ладно, дури и ако се облече добро.
  • Силна желба за благо.
Што го забавува метаболизмот:

Недостиг на калории – луѓето што чувствуваат дека се дебелеат, веднаш преминуваат на диети, го намалуваат бројот на внесени калории. Телото тогаш таложи хранливи материи и витамини, уште повеќе забавувајќи го метаболизмот.

Престанете да се ограничувате – јадете правилно, гответе разновидно, но исфрлете ги слатките и празните калории.

Недостиг на протеини – со доволно внесување протеински производи, метаболичката стапка расте за 30%, се забележува топлотен ефект на согорување масти и јаглехидрати.

Статичен начин на живот – ова е проблем на современиот човек. Премногу се возиме со автомобили, автобуси, премалку одиме, се движиме… Секоја диета без движење е бесмислена. Докторите препорачуваат 20 до 40 минути дневно за спорт.

Хроничен недостиг на сон – ако спиете помалку од 7 до 8 часа, телото доживува стрес. Обидувајќи се да ја врати енергијата, му треба повеќе храна. Во просек, ненаспаното лице јаде 300 до 500 калории повеќе. Дневното спиење не ја поправа ситуацијата. Треба ноќе да спиете подолго од 7 часа.

Слатки напивки – на телото му треба вода, не сок, кафе или чај. Ако често пиете кафе со шлаг, смуди, сокови, чаеви, вашиот метаболизам ќе се забави поради вишокот шеќер.

Одбивате тежински вежби поради кардио-вежби – за да го забрзате метаболизмот, почнете да ги зајакнувате мускулите. 10 минути вежбање со тегови го забрзува метаболизмот за 7%.

За да го забрзате метаболизмот – променете ја исхраната, движете се повеќе и спијте подолго!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.