Ако не можете да ослабите, задолжително проверете го црниот дроб: Со ваков начин на исхрана ќе губите до 1 килограм неделно!

Совети

Најновите истражувања покажуваат дека една од причините за вишок килограми може да биде болест на црниот дроб

Според статистичките податоци, оштетувањето на клетките на црниот дроб се развива кај секое петто лице во средовечните и повозрасните години. На таквите луѓе тешко им е да ослабат поради инхибиција на метаболизмот и нарушувања во варењето на храната. Органот престанува да работи целосно, се насобираат токсини, се создаваат потешки болести.

Зошто хепатозата го отежнува слабеењето?

Црниот дроб има улога на филтер во организмот. Ги обработува отпадните производи, ги пропушта органските соединенија низ себе, задржувајќи ги токсините и опасните материи. Производите од корисните ензими кои учествуваат во разградбата на глукоза и создавање енергија, му се потребни на човекот за да има активен живот.

Кога црниот дроб е оштетен, органот доживува преоптоварување. Својата енергија ја насочува кон борбата со внатрешните висцеларни масти, намалувајќи го производството на хранливи материи и ензими. Процесот на распаѓање на глукозата се одвива бавно, а јаглехидратите добиени од храната почнуваат да се таложат во форма на вишок килограми.

Со масна хепатоза, мастите и јаглехидратите не се разградуваат, не се излачуваат од телото по природен пат. Висцеларните наслаги ја нарушуваат функцијата на црниот дроб и ја намалуваат пропустливоста на нејзините канали. Па така, намалувањето на внесените калории и преминувањето на лесна храна, практично не даваат резултати. Човекот го губи само вишокот вода, но брзо ја враќа тежината откако ќе престане со диета.

Причини за масна хепатоза на црниот дроб

Болеста е поврзана со вишокот килограми кои постојано се внесуваат во организмот. Масната хепатоза не е поврзана со пиењето алкохол и почесто се јавува кај помлади лица на возраст од 25 до 30 години. Дел од факторите на ризик:

  • Дебелеење до кој било степен
  • Дијабетес
  • Хормонално метаболичко нарушување

При нормално функционирање на црниот дроб, клетките на масното ткиво под кожата насобираат резерви на одредена количина липиди. Ако резервите се потрошат, мастите се таложат во внатрешните органи на стомачната празнина. Стомакот на човекот почнува да расте и околу половината се појавуваат масни наслаги.

Овој вид дебелина се вика „стомачна“. Докторите сметаат дека таа е најопасна по здравјето. На пример, масната хепатоза на црниот дроб може да поттикне развој на смртоносна цироза и рак.

Како да ослабите ако имате хепатоза на црниот дроб?

Правилна исхрана и промена на начинот на живот е единствениот начин да се ослободите од болеста и да ослабите без да си го нарушите здравјето. Но масните наслаги на стомакот, многу бавно исчезнуваат, па треба да бидете трпеливи. Едноставните совети на нутриционистите и докторите може да ви помогнат правилно да ослабите.

Намалете ги калориите

Оставете го телото да почувствува глад. Заменете ја висококалоричната храна со лесна храна, со варен зеленчук. Додајте производи богати со влакна, житарки, билки за да го наполните стомакот и да го подобрите варењето. Внесувајте од 800 до 1000 калории дневно, што ќе ви помогне лесно да изгубите до 1 килограм неделно.

Зголемете ја физичката активност

Обидете се да вежбате од 30 до 40 минути дневно. Не треба да се исцрпувате со тренинзи со тежина во вежбалница. Добар ефект дава танцот, брзото одење, пливањето, трчањето. Дома вежбајте јога или пилатес.

Контролирајте го нивото на шеќер во крвта

Ако сте склони на дебелеење, редовно контролирајте го нивото на шеќерот во крвта со едноставен тест.

Низок холестерол

Во случај на хепатоза, губењето само 5% од вкупната телесна тежина ја подобрува работата на органите и го зголемува производството на корисни ензими. Тоа го нормализира метаболизмот на холестерол и го подобрува составот на крвта. Направете тестови за контрола на холестерол: ако паѓа, црниот дроб правилно функционира и се ослободува од наслагите.

Превентива

Со масна хепатоза, црниот дроб доживува големи оптоварувања, така што алкохолот и другите токсини само ја влошуваат ситуацијата. Заедно со вашиот доктор, одберете билни препарати што го подобруваат протокот на жолчка, ги ублажуваат воспаленијата и нелагодноста.

До масна хепатоза на црниот дроб може да дојде дури и со минимално зголемување на тежината. Докторите сметаат дека тоа го зголемува ризикот од срцев или мозочен удар. За да ослабите, почнете правилно да јадете, движете се повеќе, одбирајте вежби за подобрување на здравјето, како што е јогата.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.