Внесува позитивна енергија и привлекува пари: Во домот мора да имате барем еден предмет во оваа боја!

Успехот и парите се гарантирани

Доколку во вашиот дом се најдат овие 4 бои, успехот нема да ве одмине

Многу богати и славни луѓе верно ја следат филозофијата фенг-шуи и ги почитуваат советите и одредбите што ги пропишува оваа древна кинеска вештина на живеење.

Според овие правила, одредени бои имаат моќ да привлечат пари и позитивна енергија во вашиот дом. Добро би било да набавите некој предмет или барем еден ѕид во домот да бојосате во една од овие 4 бои.

Со нив се менува вибрацијата што кружи низ домот, се освежува просторот, а сето тоа резултира со успех и напредок во животот.

Црвена

Црвената боја е позната по тоа што привлекува богатство и изобилство, а многу брзо ја неутрализира негативната енергија. Старите Кинези секогаш ги чуваат парите во црвени паричници, бидејќи според древното верување на фенг-шуи, оваа боја привлекува уште повеќе пари во животот и обезбедува благосостојба.

Зелена

Зелената боја носи хармонија во домот. Таа е симбол на богатство, духовно и материјално.

Виолетова

Богатите, длабоки нијанси на виолетова носат кралско чувство во домот. Без разлика дали станува збор за облека или декорација во домот. Оваа боја е симбол на префинетост, богатство и духовност. Најдобро би било виолетовите предмети да ги чувате во деловите од домот што се свртени кон југоисток и север.

Жолта

Ова е боја што поттикнува креативност кај секого. Таа е полна со позитивна енергија и може да го поправи сечие расположение. Оваа боја ќе ви донесе многу можности и позитивни промени.

Ставете го овој предмет во централниот дел на домот: Ќе ви донесе позитивна енергија, пари и љубов!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.