Ставете го овој предмет во централниот дел на домот: Ќе ви донесе позитивна енергија, пари и љубов!

Фенг-шуи

Поврзан е со боговите и се смета дека носи среќа, дожд во време на суша и е симбол на совршената животна сила и убавина

Птицата колибри е вистински дар од природата. Со своите крилја, колибрито приредува вистински природен спектакл. Се одликува со прекрасни бои, единствена убавина и неуморен лет, токму тоа што ја исполнува и магичната „чи“ енергија. Не е ни чудо што колибрито претставува фенг-шуи симбол кој привлекува во домот позитивна „чи“ енергија и среќа.

Иако е една од најмалите видови птици, колибрито има прекрасна симболика и претставува природна убавина, чувство на мир, среќа, љубов и возвишеност. Колибрито е главен јунак во многу легенди, бајки и митологии ширум светот.

Влијанието на колибрито како симбол се јавува уште кај древните Ацтеки, чиј бог на војната е претставен како пола колибри-пола воин. Ацтеките верувале дека починатите борци се враќаат на овој свет како неуморна, прекрасна и издржлива птица, односно како колибри. Исто така, во оваа култура постое верување дека колибрите се птици-гласници помеѓу световите и симбол на добрата среќа и победата.

Индијанците Таино од Карипските острови верувале дека колибрито претставува дел од сонцето и дека е симбол на преродбата и носител на среќа. Во многу индијански легенди, колибрито е поврзано со боговите, како носител на дожд во време на суша и симбол на совршена животна сила и убавина.

Според научните истражувања, птицата колибри може да замавне 75 пати во само една секунда. Може да прелета околу 500 милји за еден ден. Тоа укажува на нејзината упорност и вродена способност лесно да го достигне посакуваното. Убавината на колибрите е симбол на вистинска среќа, па во секој човек го буди заспаното дете, пријатната енергија и чувството на радост.

Експертите за фенг шуи нагласуваат дека симболот на колибри во домот може да донесе позитивна енергија, слободен енергетски тек и добра среќа, но како да ја внесете оваа симболика во својот дом?

Наједноставниот начин е да ја оживеете симболиката на колибри во домост со слики на кои е насликано колибри или како дел од декорациите да имате фигура на колибри.

Според традицијата на фенг шуи, колибрито во домот може да донесе изобилство, добра репутација, пријатни патувања, емпатија меѓу членовите на семејството, како и позитивно „чи“. Ако сакате да привлечете љубов, секогаш користете две фигури на колибри или слики на кои е нацртан пар колибри.

Од хартија направете колибри птици со оригами техника и закачете ги како украс во својот дом. Во градината нацртајте колибри на саксиите, оградата или таблата што ќе ја поставите на тревникот.

Насадете во дворот билка што се вика цветна птица или кралска птица (Crotalaria cunninghamii) чиј цвет многу потсетува на птицата колибри.

Колибрито е детаљ што треба да заземе важно место во централниот дел на вашиот дом. Колибрито се смета за симбол што го отвора срцето и брзо носи чувство на среќа, како кога ќе здогледате виножито. Оваа птица ќе ве повика на прославување на животот, на веселба, радост, издржливост и исполнување желби.

Фенг шуи: Овие работи привлекуваат негативна енергија и болест во домот!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.