Ѕирнете во луксузниот апартман што Новак Ѓоковиќ го продаде во Мајами (ФОТО)

И заработи пари!

Новак Ѓоковиќ го продаде својот луксузен стан во Мајами, кој го купи пред помалку од две години за 5,77 милиони долари.

За ова неодамна пишуваа „Wall Street Journal“, „Forbes“, „New York Post“ и други американски медиуми. Ѓоковиќ станот го стави на продажба набрзо по купувањето за цена од 7,15 милиони долари.

Продажбата не беше толку лесна поради пандемијата со коронавирусот, па српскиот тенисер заработи само околу 220.000 долари со купувањето и продавањето, бидејќи „Wall Street Journal“ пишува дека станот е продаден за шест милиони долари.

Станот од 209 квадратни метри се наоѓа во комплексот наречен „Парк 87“, во луксузен пасијанс и парк од петнаесет хектари. Ѓоковиќ имал три бањи и ист број спални соби.

Фото: Splash News

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.