(ФОТО) Ѕирнете во домот на Саша Ковачевиќ: Оаза полна со љубов, музика, вкус и уште подобро расположение

Во населбата Нови Београд се крие оаза полна со љубов, музика, вкус и уште подобро расположение.

Саша Ковачевиќ пред неколку години купи стан во елитен комплекс во Нови Београд, кој содржи се’ што му треба на модерниот човек во 21-от век, а соседи му се Новак Ѓоковиќ, Милица Павловиќ, Филип Краиновиќ и несудената снаа Милица Тодоровиќ.

Популарниот пејач живее со својата долгодишна девојка Зорана Тасовац и нејзината ќерка Искра од бракот со Богдан Срејовиќ, бившиот сакан на Цеца Ражнатовиќ. Станот им е уреден во модерен стил, секој детаљ е внимателно одбран, секој агол крие посебна енергија.

„Штабот“ е голема дневна соба, удобна и полна со светлина. Преовладуваат топли, неутрални бои, а кога ќе влезете, првото нешто што ви го привлекува вниманието е големиот аквариум. Совршена „жива“ декорација со смирувачки ефект. Во станот има и студио, „канцеларијата“ на Саша, на која посебен шарм му дава белото пијано.

Во овие летни денови, балконот е веројатно омилениот дел од станот. Има удобен мебел во бели и сиви тонови, стаклена ограда, како и фасцинантен поглед на Сава, новиот мост и „стариот“ Белград во далечината. Совршено место за романтична серенада со гитара или уживање во добра книга.

А бањата е катче за хедонизам. Иако тоа е просторијата во која поминуваме најмалку време, важно е таа да ги задоволува сите наши желби и потреби. Саша се одлучил за мермер.

Овој префинет материјал се смета за кралски камен, кој на секој простор му дава допир на гламур, елеганција и луксуз.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.