Емина Јаховиќ за своите синови: Дијаметрално различни, а толку слични со своите родители

А ла мама и тато

За време на гостувањето во позната ТВ-емисија, поп-пејачката Емина Јаховиќ опуштено зборуваше за своите синови Јаман и Јавуз, кои го роди во бракот со турскиот пејач Мустафа Сандал.

Имено, популарната пејачка раскажа дека времето во карантинот го поминувала токму со наследниците, уживајќи во дружбата со нив.

Јаман е сосема различен од Јавуз“, вели пејачката, додавајќи дека многу добро знае што им е потребно на нејзините деца во овој момент кога ги одгледува сама, без нивниот татко, од кого се разведе.

Емина откри дека доста време поминува разговарајќи со нив.

Јаман сега влегува во пубертет и го интересираат девојчињата, се допишува со нив“, вели Емина за својот постар син, кој годинава ќе наполни 13 години.

Шармер како тато, нели?

Таа се осврна и на помалиот син Јавуз, кој е вистински ѕвезда, како и неговите родители.

Имено, малиот игра игрици и има свој јутјуб-канал, на кој ги објавува своите мечеви.

Пејачката додава дека тој е многу паметен и знае како да ја гради кариерата сам уште од мал

Кога Јавуз го сними своето прво јутјуб-видео, јас и Мустафа ги повикавме фановите да го заследат на Инстаграм и тој тогаш доби многу фанови. Еден ден се одлучи сите да ги избрише и кога го прашав што се случува, ми рече: ‘Мамо, ова не се моите вистински фанови, туку ваши, а тоа не го сакам’“, додава таа.

Самостоен како мама, би додале ние, нели?

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emina Jahovic (@yaemina)


Фото: Instagram

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.