Подарок: Гел против целулит Collistar Anticellulite Cryo-Gel од „Еликсир ексклузив“

За мазна кожа, без целулит!

Една читателка на „Убавина и здравје“ има можност да добие порадот од парфимериите „Еликсир ексклузив“, кои во рамките на јунската „У&З-лавина од подароци“ подаруваат антицелулитен гел за тело Collistar Anticellulite Cryo-Gel.

Гелот е наменет за сите типови целулит. Станува збор за формула што се базира на криотерапија (ладен ефект), која нуди чувство на леснотија и свежина веднаш по нанесувањето.

Оваа богата формула е збогатена со екстракти од ананас, див костен и боровинки, кои имаат дренажни својства, а во комбинација со ферментираното зелено кафе спречуваат наталожување на нови масни ткива.

Ефикасната формула е дополнително збогатена со есенцијални масла кои ги ревитализираат кожните ткива.

Collistar Anticellulite Cryo-Gel особено се препорачува на лица со венски и капиларни проблеми. Можат да го користат и трудници во консултација со медицинско лице.

Сè што треба да направите за да го добиете овој прекрасен подарок од „Еликсир ексклузив“ и „Убавина и здравје“, е да ја лајкнете нашата ФБ-страница @ubavinaizdravje.mk, објавата да ја споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од тековната „У&З-лавина од подароци“.

Добитникот се избира по случаен избор на редакцијата, а сите добитници на подароците ги објавуваме во следниот број на списанието „Убавина и здравје“, кое излегува во јули.

Би сакале да истакнеме дека ние не вршиме достава на подароците, може да се подигнат лично или од страна на некој ваш близок во нашата редакција.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.