Супер Вита ги претвора благодетите на природните и традиционални вкусови во прехранбени производи: Станете дел од нивната приказна!

Пробајте ги производите достапни во сите поголеми супермаркети, и во вашето срце испишувајте ја нашата заедничка Супер Вита приказна

Препознатливиот бренд ,,Супер Вита“, на компанијата Супер Груп не случајно е впишан во срце. Нивните 100 вида производи со уникатен квалитет и состав, го градат здравјето и убавината на секој поединец.

Во Источната традиција од познатите приказни за ,,1001 ноќ“ една лозинка ја отвара пештерата со скриените богатства така и тие ги отворија бесценетите богатства и благодети на природните и традиционални вкусови на прехрамбените производи како што се: лен, сусам, црно семе, тиква, чиа, сончоглед. Супер Вита, го следи светскиот тренд каде фармерите, производителите и потрошувачите ги координираат своите активности на пристап е на еколошки начин, земајќи ја во предвид како природата така и светската економија.

Повеќе од половина од асортиманот на производите на Супер Груп се вкусните преработки на сусамовото семе:  сусамови семки, интегрални сусамови семки, сусамово масло, обезмастено сусамово брашно, сусамов таан, интегрален сусамов таан, медотаан, сусамова таан алва, сусамка и кикирики сусамка – бар. Освен богатиот асортиман од сусамот, со посебна уникатна примена е и ензимот ,,Супер Маја “, станува збор за сириште за потсирување на млекото, за добивање на подолготрајни производи како – сирење и кашквал. Произведен по стандардите за добра хигиенска пракса и лесен за употреба и овој производ го најде своето место на пазарот за домашна и индустриска употреба.

Додека пак, приказна за себе се производите на брендот Супер Вита кои се произведени и развиени од семките на ленот, сончогледот, тиквата, чиа семето и црното семе и изобилуваат со голем број на здравствени придобивки. Можете да ги најдете во вид на пакувани семиња, ладно цедени масла и обезмастени високопротеински брашна. Семињата се богати со здрави моно и поли-незаситени масти, влакна, протеин и витамини, а за да ги искористиме нивните здравствени придобивки не е потребно да внесеме преголема количина. Генерално, нутриционистите препорачуваат внес на 2 големи лажици семиња дневно, што во просек е околу 200 калории.

Ладно цедените масла се добиваат по пат на пресувани овошја и семиња со модерна челична преса. Иако со притискање се создава топлина преку триење сепак маслодајните семиња преку методот на екстракција со растворувач и рафинирањето го задржуваат вкусот, антиокасидансите и витамините во форма на ладно цедено масло. Поради тоа ладно цедениот процес кој се одвива максимално до 45 степени во производот ги задржува сите позитивни карактеристики на природните вредности на производот кој се обработува и нашиот организам може да ги апсорбира.

Ладно цедените масла, исто така ја задржуваат аромата и хранливите вредности, правејќи ги овие масла одлични за потребите за готвење или пак за козметичи потреби т.е нега на кожата. Тие не содржат  транс масни киселини и природно се без холестерол. Во својот состав содржат само природни и лековити својста кои се документирани од современата наука, но истовремено се дел од народната традиција со векови наназад.

Повелете пробајте ги производите достапни во сите поголеми супермаркети, и во вашето срце испишувајте ја нашата заедничка Супер Вита приказна.

Супер Груп

Бул. Борис Трајковски 107

Скопје, Сев. Македонија

info@supergroup.mk

www.supergroup.mk

Instagram: supervita.mk

Facebook: Super Vita

Tel.kontakt- 02/279-1279

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.