Куќата на Сандра Булок навистина е посебна: Романтичен ентериер и неверојатен двор!

Актерката Сандра Булок одлучила да продаде една од нејзините куќи

Изградена е во 1942 година како бунгалов, а Сандра ја купила за 1,4 милиони долари во 2001 година

Станува збор за огромна вила со прекрасно уреден двор, а цената изнесува 2.995 милиони долари!

Прво ја издавала за 15.000 долари месечно, но и’ здодеало да внимава на изборот на потстанари, па затоа ја ставила на располагање оваа раскошна куќа на пазарот. Таа се наоѓа под фамозниот дворец Мармонт во западен Холивуд.

Сандра ја реновирала куќата, ја опремила со најсовремен мебел, а нејзиниот вкус и’ дал сосема нова нота на старата куќа и на пространиот двор кој сега личи на вистински мал рај.

Оној што ќе ја купи ќе има 292 квадрати на располагање, потполно опремен простор во вид на дневна соба со висок таван и камин, огромна кујна која излегува на базен, како и спа центар и прекрасна тераса од која ќе можете да уживате во прекрасниот поглед на цел Лос Анџелес.

Тука е и главната спална соба со голем тоалет во кој има одвоена туш кабина и удобна када.

Куќата има и прекрасна работна соба и сала за вежбање, како и двор со среден тревник, прекрасно зеленило и модерен градинарски мебел.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време