Здраво смути со јаболка за доза на енергија секој ден

Здравите оброци треба да бидат на вашето дневно мени, но ако не можете да ги следите сите три, тогаш барем пробајте појадок.

Ние ви претставуваме оброк кој се подготвува за само 5 минути, а неговите придобивки се огромни. Имено, покрај подобрувањето на варењето, ви обезбедува и доза на енергија потребна за секојдневни активности

Состојки: 1 јогурт; 1 лажица јаболко пектин (рецепт подолу); 1 лажица мед; 40-50 грама сецкани ореви; половина лажица цимет; 30 капки прополис; 3 лажици овесна каша и суво овошје по ваш избор.

Време на подготовка: 5 минути.

Пектинот е вид на влакна што се наоѓа во растенијата, а јаболката содржи особено висок процент на пектин. Јаболковиот пектин, растворлива влакнеста материја од јаболка, има корисен ефект врз распаѓањето на масните материи и ја намалува апсорпцијата на холестерол од храната и ја подобрува работата на дебелото црево.

Рецепт за домашен пектин:

Потребни ви се 1 кг органски јаболка и 2,5 dcl вода. Измијте ги јаболките, извадете ги стебленцата и исечете го овошјето на помали парчиња. Ставете 2,5 дл вода во шерпата и пуштете го оганот на најсилно, бидејќи пектинот мора да достигне висока температура за најкратко време, во спротивно ќе се распадне. Гответе на средна топлина 30 минути. Потоа продолжете да готвите мешајќи додека масата не се згусне. Исцедете низ цедалка и веднаш истурете ја смесата со пектин во стерилизирана тегла.

Како да го подготвите овој појадок?

Претходната вечер измешајте ги јогуртот и пектинот од јаболка и оставете ги во фрижидер да се комбинираат пектините. Можете да го направите ова наутро, но тогаш ќе мора да почекате да се раствори пектинот. Наутро, додадете ги другите состојки и измешајте сè. Оставете малку да застане за да се соединат состојките и да се стопи овесната каша.

Прочитајте и: Зошто магнезиумот е важна хранлива материја, каде е најобилен и дали можеме без него?

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.