Врвна готвачка го открива трикот за најдобрата грчка салата: Тајната е во ова!

Совршенство на вкусови

Послушајте ги советите на врвна готвачка и направете ја најдобрата грчка салата

Грчката салата е вкусна, освежува и закрепнува. Комбинацијата на зеленчук и сирење ѝ дава совршен шмек.

Но за да уживате во нејзиниот совршен вкус, треба да украдете некои финеси од врвните готвачи.

Познатата готвачка Најџел Лејвсон открива дека тајната е во маринираниот црвен кромид.

  • Таа најпрво го сече кромидот на тенки резанки, па го посипува со оригано и со мелен бибер.
  • Потоа, го прелева со вински оцет и со маслиново масло.
  • Го покрива садот со проѕирна фолија и го остава така да стои два часа или подолго.

Оваа постапка му дава на кромидот благ и ароматичен вкус.

Најџел наместо краставици користи морач, за да нема вишок сок, а доматот исечкан во должина го посипува со шеќер и сол.

Состојки:
  • 1 црвен кромид
  • 1 лажица оригано
  • 1 лажица вински оцет
  • сол
  • бибер
  • 1 лажиче шеќер
  • 200 мл маслиново масло
  • 1 помала зелена салата
  • 1 главица морач
  • 125 г црни маслинки без семки
  • 400 г фета-сирење
  • 1/2 лимон
Приготвување:
  • Исечканиот кромид на тенки резанки маринирајте го во мешавина од масло, оцет и оригано два часа.
  • Исечкајте го доматот на тенки резанки, па посипете го со малку сол и шеќер.
  • Исечкајте салата и морач, па ставете ги во сад и додајте маслинки, здробена фета, домати, кромидот заедно со зачините и сок од половина лимон.
  • Внимателно промешајте добро, па послужете.
Највкусната салата со тестенини на светот: Комбинација на состојки што ќе ве воодушеви!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.