Табула – либанска оброк-салата: Мора да го запишете овој рецепт, бидејќи не постои поздрав ручек!

Пробајте!

Салатата табула е многу популарна во Либан, бидејќи спаѓа во нивните национални јадења

Луѓето ширум светот ја обожаваат, бидејќи претставува здрав оброк што брзо се приготвува.

Состојки:
  • 200 г булгур (но може и добро сварена пченица или овес)
  • 150 г зелени маслинки без семки
  • 60 мл маслиново масло
  •  2 врзопа свеж магдонос
  • 2 зрели домати
  • прстофат сечкано свежо нане
  • сол и бибер
  • сок од 1 лимон
  • 1 главица ситно сечкан кромид
Приготвување:

Сварете го булгурот. Исечкајте го магдоносот што е можно поситно. Исечкајте ги доматите, кромидот, маслинките и нането. Сето тоа измешајте го, додајте сок од лимон, маслиново масло и зачини.

Оваа салата може да се јаде со сирење, како самостојно јадење, иако во Либан најмногу се користи како прилог со месо или риба. Се служи со мали листови зелена салата и се става директно на чинија со парче месо. Ваше е да одберете како ќе ја консумирате.

Германците не ручаат без неа: Оваа кремаста и освежувачка салата од краставици е празник за непцата!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.