Едноставен домашен тест открива: Дали тироидната жлезда ви работи нормално, забавено или забрзано?

Проверете

Овој начин на проверка на активноста на тироидната жлезда го открил доктор Брода Барнс пред 50 години

Температурата на телото веднаш по будењето може да ви открие дали сè е во ред со тироидната жлезда.

Имено, температурата на телото веднаш по будењето ќе ви сигнализира дали тироидната жлезда ви работи како што треба.

Овој начин на проверка на активноста на тироидната жлезда го открил доктор Брода Барнс, американски доктор, во својата книга за активностите и неактивностите на тироидната жлезда, односно еднокрините дисфункции.

Тој ја прогласил телесната температура за моќен сојузник во детектирањето на овој проблем и смислил едноставен тест што можете да го направите дома во кревет, веднаш откако ќе се разбудите.

Тестот на Барнс

Подготовката за тестот почнува навечер, пред спиење. Подгответе го топломерот и протресете го така што температурата што ја покажува да биде пониска од 35 степени Целзиусови.

Наутро, по будењето, измерете температура (најдобро е да го ставите топломерот под пазуви на гола кожа и да го држите десеттина минути). Температурата што ќе се прикаже на топломерот по мерењето се нарекува „утринска базична температура“. Веднаш запишете ја за да не заборавите колку била.

Правете го тестот 3 дена по ред за да бидете сигурни во неговите резултати.

Резултати од тестот

1. Ако температурата на топломерот е помеѓу 36.5 и 36.8 степени Целзиусови – тироидната жлезда работи нормално.

2. Ако температурата на топломерот е пониска од 36.5 степени Целзиусови, тироидната жлезда работи намалено (симптоми на намалена работа на тироидната жлезда се депресија, недостиг од енергија, умор, инфекции, хронична главоболка, недостиг од помнење и концентрација, губење коса и слично)

3. Ако температурата на топломерот е повисока од 36.8 степени Целзиусови, тироидната жлезда работи забрзано или во телото е присутна инфекција.

Па така, ако температурата е под или над вообичаените вредности, одете на лекар за да ја потврдите дијагнозата и да добиете стручен совет.

Температурата може да варира поради инфективни болести, кај жени во менопауза или имаат менструација. Поради тоа, направете го овој тест кога ќе бидете здрави и кога немате менструација.

Кога тироидната жлезда не работи добро: Предупредувачки знаци
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.