Сезонско предјадење: Пиперки полнети со сирење

Во сезона

Никој не може да им одолее на предјадењата со пиперка

Состојки:
  • 7 црвени пиперки
  • 200 г тврдо овчо сирење
  • 150 г кајмак
  • 2 јајца
Приготвување:

1. Се длабат црвените пиперки и им се вадат дршките и семките.

2. Овчото сирење се ренда на крупно или се гмечи, па се соединува со кајмакот и јајцата. Добро се мешаат состојките за да се добие воедначена смеса.

3. Филот се сипува во готварска вреќичка и со него се полнат шест издлабени пиперки. Пиперките не се полнат до врвот, туку се остава малку празнина, бидејќи филот во текот на печењето ќе набабри од јајцата.

4. Седмата пиперка се сече на коцки со соодветна големина, и со нив се затвораат отворите на наполнетите пиперки, за да не истекува филот во текот на печењето.

5. Полнетите пиперки се редат во тепсија обложена со хартија за печење. Се печат во загреана рерна на 200 степени Целзиусови, додека омекнат и поруменат.

Во најновиот број на магазинот „Добра храна“ ќе најдете уште вакви идеи за вкусни предјадења.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.