„Ситно“ броиме до затворањето на конкурсот за „U&Z Influencer Awards“

Не пропуштајте ја шансата да станете U&Z Influencer!

Првпат во Македонија се одржува гала-свеченост на која ќе им бидат доделени статуетки и награди на победниците на „U&Z Influencer Awards“

Драги наши, ни остануваат уште десетина дена до затворањето на конкурсот за учество во „U&Z Influencer Awards“, настан кој првпат се одржува во Македонија, а кој претставува можност да станете влијателна личност на социјалните мрежи или да ја зацврстите својата позиција во нив потпишувајќи договор со покровителите на една од осумте категории на натпреварот и освојувајќи вредна награда.

Имено, пријавувањето трае до 15-ти септември – се пријавувате на нашата имејл-адреса redakcija@ubavinaizdravje.mk, ги оставате вашето име и презиме, телефонскиот број и линкот до вашиот инстаграм-профил. Ја назначувате и категоријата за која се пријавувате – Beauty, Travel, Fashion, Food, Lifestyle, Insta man, U&Z Influence Star и осмата, специјална категорија – Happiness (Среќа), #ВклучиСеЗаСреќа, #МинутиНаСреќа, во која учество ќе можат да земат сите учесници со навршени 18 години, без разлика на бројот на следбеници Фејсбук и на Инстаграм.

Лото 7 е официјален партнер за среќа на годинешните Influencer Awards во соработка со „Убавина и здравје“. Ќе се дружиме во текот на месеците кои следат со различни предизвици во различни категории, а на крај секако ќе се наградуваме. За да станете дел од предизвиците и да се натпреварувате со преостанатите инфлуенсери од државата, посетете ја страницата на „Убавина и здравје“, каде што ќе ги најдете сите потребни информации за чекорите на пријавување. До скоро видување, и среќно!“

Правилата за учество во натпреварот се едноставни: ако сакате да станете влијателни на социјалните мрежи, а имате меѓу 18 и 40 години и над 2.000 следбеници (со исклучок на осмата категорија – Happiness – Среќа, за која доколку сакате да се пријавите не мора да имате повеќе од 2.000 следбеници, но МОРА да имате 18+ години!), испратете ни мејл, направете креативна фотографија или видео-клип со печатеното издание на „Убавина и здравје“ и објавете ги на вашиот профил, притоа означувајќи ги нашиот инстаграм и фејсбук-профил. И задолжително додајте ги хаштазите #ubavinaizdravje, #ВклучиСеЗаСреќа #uzinfluencers2019 #uzinfluencersawards  #VIOLETAandUZ!

Пријавувањето трае до 15-ти септември, кога започнува натпреварот и трае до 1-ви декември.

Големото финале ќе се одржи во декември, кога на гала-свеченост ќе им бидат доделени статуетките на победниците во категориите и ќе се избере U&Z Influence Star, која ќе ја краси насловната страница на декемвриското издание на највлијателното списание на жени „Убавина и здравје“.

Победникот во секоја категорија ќе добие вредни подароци, а некои ќе имаат и можност да склучат договори за спонзорство со брендот што ќе биде носител на дадената категорија. Сите учесници ќе добијат подароци од нашите почитувани клиенти и спонзори, а со самото учество во мини-натпреварот си обезбедувате и место на гала-настанот, кој ќе се оддржи на почетокот на декември. 

За сите детали ќе ве известуваме благовремено.

Следете нè! Забавувајте се со нас! Читајте нè! И станете Influencer Star!

 

 

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.