Сите мислеле дека на сцена излегува кралски пар: Тие биле најголемата атракција на фестивалот во Венеција!

Сите ги воодушевиле!

Иако се знае дека се лудо вљубени, младите актери во јавност се однесуваат многу професионално

Целиот свет со внимание го следи интернационалниот 76-ти филмски фестивал во Венеција. Најголем интерес, покрај филмовите, секако предизвикуваат и гламурозните модни комбинации од црвениот тепих, но синоќа еден пар го украл сето внимание!

Тимоти Шаламе и Лили Роуз Деп се појавиле во најгламурозното издание досега. Биле толку гламурозни што многумина мислеле дека на црвениот тепих чекори кралски пар!

Гулапчињата се појавиле на светската премиера на филмот „Крал“ во кој ги толкуваат главните улоги, целосно модно ускладени. Тимоти носел необично сиво одело и црни чизми, а Лили Роуз во сивовиолетова раскошна тоалета достојна на кралскиот двор.

https://www.instagram.com/p/B18hHfzoAtg/?utm_source=ig_embed

Иако е познато дека се во врска од 2018 година, Тимоти и Лили Роуз во јавност се однесуваат потполно професионално.

Пристигнале и позирале заедно, потоа и со останатите колеги, но не се бакнале и прегрнале ниту еднаш.

Не се ни држеле за раце, бидејќи строго го почитуваат правилото дека работата мора да се раздвои од емоциите, а нежностите да се разменуваат меѓу четири ѕида.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.