Прсти да излижете: Пиперки полнети со хелда

Сезонско јадење

Вкусен и здрав ручек

Состојки:
  • 8 бабури
  • 1 поголема главица црвен кромид
  • 2 поголеми моркова
  • 200 г шампињони
  • 200 г хелда
  • 1 лажиче мелена пиперка
  • 2 домата
  • 500 мл пасирани домати
  • 2 лажици брашно
  • масло
  • пипер
  • сол

Приготвување:

1. Хелдата се прелева со 600 мл ладна вода и се вари додека омекне. Во текот на варењето по потреба се долева уште малку течност.

2. Црвениот кромид се чисти и се сече на коцки, морковите се лупат и се сечат на поголеми парченца, шампињоните се сечат на плочки.

3. На малку масло се пржи црвениот кромид, а потоа се додаваат  морковите, па и тие кратко се пржат.

4. Се додаваат шампињоните и се динстаат додека изврие вишокот течност.

5. Се додаваат кратко проварената хелда, мелената пиперка и зачини по желба, па се меша.

6. Пиперките се динстаат и се чистат. Внатрешноста се полни со приготвениот фил и се затвораат со крукчиња од домати.

7. Во поголем сад на малку масло се пропржува брашното, а потоа се сипуваат пасираните домати и вода колку што е потребно за да се добие поредок сос по варењето. Потоа се ставаат полнетите пиперки и се варат додека омекнат.

Овој вкусен ручек ќе ви го отвори апетитот за уште! Побарајте уште рецепти во најновиот број на магазинот „Добра храна“.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.