Салата ѕаѕики: Оригинален рецепт за одличен вкус во секое јадење

Превкусен сос

Освежувачка грчка салата што постојано ќе ја правите

Состојки:
  • 1 поголема краставица
  • 160 грама кисела павлака
  • 1 лажица маслиново масло
  • 2 лажички мирудија
  • 1 1/2 лажичка лимонов сок
  • 1 поголемо чешне лук
  • 1/4 лажичка сол
Приготвување:

Најпрво изрендајте ја краставицата, а потоа притиснете ја со рацете за да го исцедите вишокот вода.

Така исцедената краставица префрлете ја во сад, па додајте јогурт, маслиново масло, мирудија, сол, лук, лимонов сок, промешајте и оставете го да отстои околу пет минути.

Пробајте ја салатата, па по желба додајте уште зачини, лимонов сок или сол.

Оваа салата може да ја јадете веднаш или прво да ја оставите да се олади во фрижидер.

Ако ја чувате во фрижидер, ќе биде совршено вкусна за јадење и наредните четири дена.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.