Овошни палачинки со јагоди: Толку сочни што се топат во уста!

Однадвор крцкави, а во средина сочни!

Овој рецепт е идеален за да се засладите викендов

Состојки:
  • 300 милилитри млеко
  • 200 грама брашно
  • 300 грама јагоди
  • малку сол
  • 2 јајца
  • 50 милилитри масло
  • ванилин шеќер
  • малку шеќер во прав

Приготвување:
  • Изматете ги јајцата со лажица и додајте масло, сол, млеко, брашно, па добро изедначете го тестото за да биде малку погусто одошто за палачинки.
  • Добро подмачкајте тепсија со масло, па загрејте ја.
  • Сипувајте од смесата во загреаната тепсија, па редете ги јагодите.
  • Вратете ја тепсијата во рерна и печете на 200 степени Целзиусови 30-40 минути додека не зарумени убаво.
  • Печениот колач наросете го со ванилин шеќер и шеќер во прав.
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.