Рапсодија на вкусови: Збогатете ја вашата трпеза со овој солен тарт!

Гастро-мајстори

Пробајте го овој превкусен рецепт на Радица Китевска

Радица Китевска ни го приготви овој вкусен солен тарт, кој ќе ве воодушеви со својот прекрасен изглед, но и фантастичен вкус. Доколку сте расположени за уште вакви оригинални рецепти, посетете го нејзиниот инстаграм-профил @radishas_kitchen_diaries.

Состојки:
  • 1 готово тесто за пица
  • сос базилико
  • 1 тиквичка
  • 3 моркови
  • 2 црвени пиперки
  • чајна салама
  • 200 г рендан кашкавал
  • 2 јајца
  • 1 лажица јогурт
  • оригано, сусам, сол
Приготвување:

1. Премачкајте го калапот за тарт со путер. Ставете го тестото за пица во калапот и убаво натапкајте го со раце, за да се оформи по рабовите на калапот.

2. Врз тестото ставете од сосот базилико, околу 1 прст над тестото. Врз сосот ставете го ренданиот кашкавал.

3. Тиквичката, морковите и пиперките исечкајте ги тенко, па почнете да ги редите заедно со саламата, формирајќи круг додека стигнете до краевите.

4. Одозгора полејте го тартот со изматени јајца и јогурт.

5. Ставете го да се пече на температура од 180˚Ц, 40-50 минути. Уживајте во прекрасниот солен тарт!

Извор: Добра храна

Домашен деликатес: Пробајте ги овие лиснати пакетчиња со шунка!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.