Се сеќавате на момчето што семејството го оставило да умре бидејќи мислеле дека е вештер? Погледнете како изгледа денес!

Неверојатен живот

Се сеќавате ли на двегодишното момче што семејството го отфрлило бидејќи мислеле дека е вештер? Денес неговиот живот изгледа сосема поинаку

Пред четири години, во светот се појавила фотографија од изгладнето момче што го пронашла хуманитарката Ања Рингрен Ловен додека шетала по улиците на Ескет во Нигерија. Таа дознала дека тоа дете, е едно од многуте, кое семејството го отфрлило бидејќи мисли дека е вештер!

Момчето тогаш имало само две години и било сосема запуштено, изгладнето и дезориентирано. Лутало само по улиците на Ескет во Нигерија и никој не сакал да му помогне, бидејќи луѓето верувале дека е вештер.

Несреќното дете осум месеци се хранело со остатоците што му ги фрлале минувачите. Средбата со данската хуманитарка му го променила животот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anja Ringgren Lovén (@landofhope)

„Беше во ужасна состојба кога го најдовме“, раскажала Ања која момчето го нарекла Хоуп (Надеж).

„Првите две недели беше во болница, не знаевме ни дали ќе преживее“, раскажала Ања.

Ања ја презела сета одговорност и старателство над детето, а момчето од тој момент живнало.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anja Ringgren Lovén (@landofhope)

„Многу е интелигентен и обожава уметност, креативен е и многу негови дела се веќе продадени. Го викаме ‘нашиот мал Пикасо’“, раскажала Ања.

Момчето никогаш повеќе не се видел со своите родители, а на неговите роднини не може да им се најде ни трага.

„Сега е веќе голем и повремено, кога ќе ја види нашата прва фотографија (кога се сретнавме), се насмевнува и изгледа гордо. Свесен е низ каков трнлив пат поминал. Децата се раѓаат со способност да простат, без предрасуди. Дали го воспитуваме да ги мрази своите родители што го напуштиле? Секако дека не. Ниту едно општество не може да се развие ако нема основни човечки права, како што е пристап до образование и социјална заштита“, рекла Ања Рингрен Ловен.

Во земја без лекови и болници, победила опасна болест: Првата дама на Сирија е жена со неверојатен дух!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.