Во земја без лекови и болници, победила опасна болест: Првата дама на Сирија е жена со неверојатен дух!

Неверојатна жена

Асма ел Асад е прва дама на Сирија и сопруга на Башара ел Асада

Асма е родена во Лондон, на 11 август 1975 година, а нејзиното семејство е по потекло од градот Хомс во Сирија.

За разлика од својот сопруг, Асма не пораснала во Сирија. Родена е во Велика Британија, каде што завршила факултет на Кралскиот колеџ во Лондон и каде што пријателите ја знаеле како Ема.

https://www.instagram.com/p/BgPEAEsFOtj/?utm_source=ig_embed

Татко ѝ бил кардиолог, а мајка ѝ дипломатка. Асма студирала француски јазик и подоцна работела за Дојче банка во Лондон, како инвестициски банкар со клиенти од Европа и од Далечниот Исток.

За својот сегашен сопруг Башара ел Асада, се омажила кога имала 25 години. Се запознале кога Башара бил на специјализација по офталмологија во Лондон, а повторно се сретнале во 2000 година. Се венчале во тајност една година подоцна, само неколку дена откако нејзиниот сопруг ја презел функцијата претседател по смртта на неговиот татко.

https://www.instagram.com/p/B03_1TnlmYy/?utm_source=ig_embed

Позната е и под името „пустинска роза“, за оние кои ја доживуваат како нежна и кревка.

Асма е многу активна на социјалните мрежи каде што објавува фотографии со деца од посетите на градинки и слични установи.

https://www.instagram.com/p/BlcpXiBgwZo/?utm_source=ig_embed

На социјалните мрежи нејзината работа ја следат повеќе од 340.000 луѓе, а за нејзината хуманост говорат бројни акции чиј иницијатор е токму таа.

На 8 август 2018 година објавила дека е на хемотерапија поради рак на дојка, кој ѝ бил откриен во рана фаза. И покрај терапијата, се обидувала секогаш да ги посетува семејствата на настраданите борци од сириската војска, со марама околу главата.

На официјалната фејсбук-страница на претседателот објавена е фотографија од сирискиот претседател како седи покрај болничкиот кревет на својата сопруга, која прима терапија, а под која пишува дека малигниот тумор бил откриен навреме.

https://twitter.com/HamdiAlkhshali/status/1027174839394742272?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1027174839394742272%7Ctwgr%5E&ref_url=https%3A%2F%2Fstil.kurir.rs%2Fcelebrities%2Fvip-prica%2F128993%2Fneobicne-lepote-i-pobednickog-duha-ona-je-prva-dama-sirije-i-obozavana-supruga

Во земја без лекови и болници, првата дама ја победила опасната болест. Кога ги дознале убавите вести, претседателската палата во Дамаск соопштила: „Патувањето е завршено!“

Асма ал Асад, покрај сите квалитети што ги поседува, е и жена со необична убавина и со победнички дух. Со сопругот Башара имаат три деца, Хафиза, Зеина и Карима.

Завела дечко, растурила семејство, станала прва дама: Нови детали од животот на Брижит Макрон!
Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе