Ова се најздравите билки и зачини: Ви откриваме како тие ви го подобруваат здравјето!

Зачините и билките не само што го збогатуваат вкусот на храната, туку ни даваат и здравствени бенефиции!

Лековитата моќ на некои билки и зачини се користела уште пред илјадници години, а современите научни испитувања се доказ дека тврдењата за позитивниот ефект на зачините и билките врз здравјето не се само празни приказни.

ЦИМЕТ

Циметот помага во регулирањето на нивото на шеќер во крвта кај дијабетичарите. Освен што го регулира нивото на шеќер во крвта кај дијабетичарите, внесувањето на половина или четвртина лажичка цимет двапати дневно ги намалува и триглицеридите и нивото на холестерол со околу 30%.

Циметот има и антивоспалителни и антибактериски својства и се верува дека ефективно се бори со E. coli и други бактерии. Кај некои луѓе циметот ги намалува и симптомите на непријатната горушица.

Ставете половина лажичка цимет во овесна каша или зачинете го млекото и кафето со малку цимет.

ЃУМБИР

Ѓумбирот се бори против мачнини и болки во стомакот, за ублажување на симптомите на артритис. Неколку истражувања покажале дека ѓумбирот ја намалува болката и отекувањето кај лицата кои страдаат од артритис.

Тој е особено полезен за намалување на мачнините и контролирање на нагоните за повраќање, може да ги елиминира стомачните проблеми, а се смета и дека ја намалува главоболката предизвикана од мигрена.

РУЗМАРИН

Рузмаринот е моќен антиоксиданс кој го зголемува протокот на крв кон мозокот и го заштитува мозокот од слободните радикали, а со тоа го намалува ризикот од мозочен удар и болести како Алцхајмеровата болест.

Оваа билка ја зголемува будноста и концентрацијата при што води до поефективно извршување на задачи кои се поврзани со помнење.

Тој содржи киселини и супстанции кои се борат против бактериите и го спречуваат расипувањето на месото, а и го прават готвеното месо поздраво.

НАНЕ

Традиционално чајот од нане се користи за ублажување на болките во стомакот, но нането истовремено ја подобрува и дигестијата на храната. Нането помага и при појава на дијареја, гасови во стомакот и синдром на нервозни црева.

Често се користи за лекување на обична настинка, болки во грлото, проблеми со синусите и респираторни инфекции.

Маслото од нане може да помогне за намалување на главоболка, болка во мускулите или забоболка.

КУРКУМА

Куркума е зачинот кој му ја дава жолтата боја на карито, а најмногу се користи во индиската кујна и медицина. Во неговиот состав влегуваат супстанции коишто го намалуваат растењето на туморите.

Испитувањата покажуваат дека овој зачин штити од рак на дебело црево и од меланом, најсмртоносната форма на рак на кожата.

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе