Побрзо се јаде отколку што се подготвува: Бурито за 3 минути и над 20 грама протеини

Како не го знаевме овој рецепт порано...

Брзо и вкусно!

Ако ви се брза, ова е идеален протеински оброк кој можете да го подготвите без да морате да ја извалкате тавата.

Време на подготовка: 1 минута

Време за готвење: 2 минути

Број на калории: 447

Масти: 23 грама

Јаглехидрати: 35 грама

Протеини: 26 грама

Намирници:
2 јајца
2 лажици млеко со малку маснотии
1/4 чаша црвен грав
1 тортиља од цело зрно
2 лажици рендано чедар сирење
1/5 сечкано авокадо
2 лажици салса сос

Начин на подготовка
Подгответе сад за микробранова печка. Во садот додадете ги јајцата и млекото, па изматете. Ставете сè во микробранова печка на највисоко ниво 45 секунди и потоа промешајте. Додадете го црвениот грав и повторно измешајте.

Ставете сè назад во микробранова печка додека јајцата и гравот целосно не се испечат – дополнителни 30-45 секунди Вака подготвената содржина распоредете ја врз тортиљата, па додајте сечкано авокадо, рендано сирење и салса.

На крајот, тортиљата свиткајте ја во форма на бурито.

Добар апетит.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.