Како да задржите еден маж?

Кога даваме се од себе во врската, а таа сепак не успева, мораме да се запрашаме каде погрешивме...

Бевме фини, полни со разбирање за неговите проблеми, толерантни, секогаш средени, спремни за секс… И повторно ништо. Секако, одговорноста за неуспехот на врската е на двајцата, но не можеме да влијаеме на тоа што зависи од мажот. Сепак, можеме да промениме нешто поврзано со себе. Но, што е тоа? Што треба да се смени, а што не? Дали треба секогаш да се однесувате искрено или подобро е понекогаш да бидете потаинствени и мудри?

Шери Аргов, авторка на книгата „Зошто мажите ги сакаат кучките“, во својата книга одговара на прашањата што си ги поставуваат сите жени во светот. Одговорите се толку лесни колку што не се лесни за примена.

Затоа пренесуваме неколку клучни совети од оваа писателка до сите девојки и жени кои доживеале неуспех во љубовта, а мислат дека не направиле ништо лошо.

Оценете го реално

Многу е важно да погледнете што доброволно ви дава мажот без вие да побарате. Дали е отворен и искрен со вас, колку се грижи за вас. Врз основа на тоа најдобро ќе процените каков е, па полесно ќе сфатите дали ви одговара или не. Пред да се запрашате дали сте доволно добри за него, запрашајте се дали тој е доволно добар за вас.

Не „трчајте” по него

Златното правило, особено ако работите допрва почнуваат или врската е на лизгава патека, е никогаш да не трчате по маж и никогаш да не инсистирате да останете во контакт. Оваа тактика се покажа како успешна, но понекогаш е многу тешко да се примени. Уште потешко е ако сте лудо заљубени. Сепак, стегнете го срцето и повлечете се – успехот е загарантиран. Едноставно, сите мажи се ловци. Во нивната природа е да бркаат плен кој постојано им бега, не им го негирајте тоа задоволство. Не треба да преземате иницијатива бидејќи тој се повлекол. Тогаш треба да го пуштите да си оди. Преземете иницијатива кога навистина сакате да го видите, а не кога сакате да го задржите.

Водете го сопствениот живот

Секоја девојка која ќе испушти се и ќе трча на машки повик многу брзо станува неинтересна бидејќи знае дека ја поседува 100 проценти. Не ја планирајте вечерта врз основа на тоа дали ќе ви се јави или не. Планирајте го животот како што вам ви одговара и ако доцна се јави, не ги менувајте плановите. Во природата на мажите, малите деца и животните е да ги тестираат границите, да проверат што може и што не може да помине. Запомнете, вие го држите животот во ваши раце и се што ќе се случи не зависи од него, напротив. Кога ќе ги пуштите конците, настанува хаос. И никој нема да биде виновен освен вие затоа што и вие ги одредувате правилата на игра.

Не претерувајте

Внимавајте со провокативната гардероба! Со длабоко деколте, прекратко мини здолниште и танга веднаш ќе го привлечете машкото внимание, што реално, не е толку тешко. Проблемот е да се задржи вниманието. Претерувањето значи сè, од провокативно облекување, пречесто јавување на телефон до „спремање како за на слава“ кога ќе дојде кај вас дома да гледате филм. Заборавете на фразата: Давам се од себе. Потрудете се да постигнете некоја своја цел и дајте му го на мажот она што објективно го заслужува на ниво на вашата врска. Сè што е надвор од тоа ќе го избрка од вас.

Придржувајте се на вашите ставови

Почитувањето на себе си и своите ставови не подразбира бесчувствителност кон другите и нетрпеливост. Напротив. Кога ќе се заљуби, жената која вистински се држи само за себе, реално ја проценува ситуацијата и не дозволува нејзиното однесување да биде нарушено од романтичната проекција што му ја припишала на одреден маж. Со својот став и однесување покажува дека не се плаши да биде сама и дека не е зависна од врска. Таа му дава доволно простор на мажот за се што ќе посака, притоа јасно му дава до знаење што ќе толерира, а што не. Во врска која и се заканува или ограничува, таа не голта кнедли и не чека нејзиното момче да се вразуми.

Ставот „не ми е гајле“ може да направи чуда

Зрелиот и паметен маж најмногу го привлекуваат жени кои го избираат партнерот , затоа што го ценат и се чувствуваат добро со него. Само несигурен маж ќе трпи очајна жена која по секоја цена останува во врска која не ја задоволува. Затоа, ако го сакате вистинскиот, ако сакате среќа во љубовта, не трпете глупости и при првиот знак на непочитување кон вас – оддалечете се. Затоа што оние кои се сакаат себеси се сакани од другите.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.