Освежителна салата од јаболка

Брз и лесен рецепт

Спојот на необични комбинации и вкусови навистина може да изненади! Затоа, бевме позитивно изненадени од оваа лесна, но исклучително вкусна салата. Ви откриваме брз и лесен рецепт.

Состојки:

  • 1 мала краставица
  • 1/2 авокадо
  • 1/2 зелено јаболко
  • власец
  • сок од лимон
  • маслиново масло
  • сол, бибер

Подготовка:

Краставицата исецкајте ја на мали коцки. Потоа, додадете ги и ситно исецканите авокадо и јаболко. Зачинете со сол, бибер, маслиново масло и сок од половина лимон. На крај додајте го исецканиот власец. Спакувајте ја салатата во тегла и уживајте во супер вкусна и освежувачка салата!

Предлог за главно јадење: Свинско филе со јаболки и зеленчук

 

ФОТО: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.