Отстранете ги непријатните мириси од кујната во три чекори

Совети од експерти

Додека поголемите блокади сепак треба да бидат оставени на професионалци, помалите може да се решат со употреба на состојки што ги имате дома – сода бикарбона и оцет.

Не игнорирајте го фактот дека водата во мијалникот се потешко истекува бидејќи маснотиите и остатоците од храна се акумулираат во цевките, така што покрај застојот, ризикувате и непријатни мириси – бактериите ќе растат неконтролирано во такво опкружување.

Затоа, редовно чистете ги одводите, а овие совети од еко-експерти може да ви помогне во тоа:

Спас за одвод во када или туш

Заостанатата вода во тушот или кадата обично е предизвикана од коса, затоа не заборавајте да ставите перфориран филтер на дупката за одвод што можете да го купите во било која продавница за подобрување на домот. На овој начин ќе избегнете употреба на штетни хемикалии, а сѐ што треба да направите е, при чистење на кадата, исчистете го и филтерот, бидејќи влакната од косата прво се акумулираат на него, вели Беки Рапинчук.

Во случај нешто веќе да се има заглавено, користете сајла. Едноставно пуштете ја низ одводот и започнете да ја вртите рачката додека не се заглави. Тоа значи дека дојдовте до блокада. Сајлата ќе ја разбие или ќе се закачи на неа. Потоа извлечете ја, извадете го насобраниот отпад и повторете го процесот додека водата не се исцеди без запирање.

Ако одводот е сѐ уште затнат, направете домашно средство за отпушување

Пробајте го рецептот што го користи еко-експерт Мелиса Макер кога има ваков проблем во мијалникот и во кадата.

1. Истурете три чаши топла вода во одводот
2. Истурете чаша сода бикарбона и оставете ја да дејствува преку ноќ
3. Варете три чаши бел оцет и нежно истурете го во одводот. Оваа мешавина ќе предизвика формирање на пена, што пак ќе ги разбие сите нечистотии што се задржани до цевките
4. Сега оставете ја врелата вода да тече, барем една минута, за да ја исправи останатата нечистотија.

Ако од одводот се шири непријатен мирис

Водата добро истекува, но непријатен мирис се шири од одводот? Рапинчук има решение и за тоа.
„Истурете половина чаша бел оцет во одводот и оставете го да делува околу десет минути. Потоа, оставете ја ладната вода да тече. Ако има останато мувла во цевките, оцетот ќе измие сè“, вели таа.

Но, ако не сте го решиле проблемот, најдобро е да повикате професионалец за помош.

Прочитајте и: СРЕДСТВА ЗА ЧИСТЕЊЕ: колку се ефикасни, а колку опасни

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.