Брз и едноставен рецепт за вкусен ручек.
Состојки:
- 1 филе од свинско месо
- 1 поголема главица кромид
- 1 црвена пиперка
- 1 жолта пиперка
- 1 зелена пиперка
- 2 јаболки
- 2 моркови
- сол, бибер
- лисја од жалфија
- масло
Подготовка:
Исечете го филето на дебели парчиња. Додадете сол и пржете од двете страни. Ставете на страна. Исецкајте го кромидот.
Исечете ги јаболките на тенки парчиња и пржете ги во маснотиите на месото со кромидот. Кога се меки, додадете го преостанатиот сецкан зеленчук.
Зачинете, додадете го месото, а потоа испржете малку повеќе.
Посипете со лисја од жалфија и зачинете со бибер. Ако сакате, можете да ги посипете и со црн ким.
Предлог за десерт: „Cheesecake“ по овој рецепт ќе посакате да го направите уште денес…
ФОТО: Getty Images