Анализа на крвта покажува: 10 минути трчање менува околу 9.815 молекули во нашето тело!

Десет минути трчање може да сменат 9.815 молекули во нашето тело – открива новата студија на Медицинскиот факултет на Универзитетот Стенфорд.

Постојат многу студии кои го проучуваат влијанието на вежбањето врз помали групи молекули во нашето тело, но досега ниту една студија не испитала како секоја молекула во телото реагира на вежбање.

Новата студија се обиде на амбициозен начин да ги документира сите мали промени во крвта во организмот што се случуваат после вежбање, дополнително потенцирајќи го тоа што истражувачите го познаваат со години: вежбањето е клучно за добро здравје.

Истражувачите сè уште не знаат точно какво е влијанието на секоја молекуларна промена, но знаат дека тие се поврзани со различни телесни функции. Некои од молекулите кои се менуваат биле вклучени во метаболички функции, варење или функции на имунолошкиот систем, додека други биле вклучени во нивоа на воспаление и отпорност на инсулин.

Ова интензивно, детално истражување беше можно само затоа што истражувачите ги измериле молекулите на група од 100 возрасни мажи и жени. Избрале 36 лица од нивната база на податоци, вклучувајќи го и авторот на студијата Мајкл Снајдер, шеф на Катедрата за генетика на универзитетот Стенфорд.

„Мислев дека се потребни само девет минути вежбање за да се видат промени. Доволно е, како што се испоставува“, изјави Снајдер за Њујорк Тајмс.

Сите учесници беа на возраст од 40 до 75 години, со различна телесна тежина. Од луѓето избрани за експериментот, кои трчаа на патека околу 10 минути, зедоа крв пред и по трчањето.

Повеќето од 17.662 молекули што ги измериле (9.815) или се зголемиле или намалиле после вежбање. Кај некои луѓе, молекуларните промени траат подолго.

Едноставен тест на крвта може да го одреди нивото на кондиција на една личност

Студијата беше ограничена и не вклучува учесници постари од 40 години и користеше само единечна вежба, така што Снајдер и другите истражувачи не можат во овој момент да донесат конечни заклучоци за нивото на молекулите и фитнесот.

Снајдер планира повеќе експерименти на ниво на човечки молекули, овој пат со подолго вежбање и со повеќе учесници, за да може да утврди дали едноставен тест на крвта може да биде добар начин за да се утврди физичката подготвеност на луѓето.

За време на истражувањето, Снајдер и неговиот тим откриле илјадници молекули кои можат да бидат во корелација со нивото на фитнесот на една личност. Овие молекули вклучуваат маркери на метаболизам и имунитет.

Врз основа на резултатите од оваа студија, Снајдер и неговиот тим создадоа тест за развој за идејата за користење на крвни тестови како маркер на фитнес. Всушност, тие веќе поднеле барање за патент за тоа.

Прочитајте и: Секс-бомбата ја откри тајната на извајаното, вито тело: Вака вежба Хале Бери (ВИДЕО)

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.