Секс-бомбата ја откри тајната на извајаното, вито тело: Вака вежба Хале Бери (ВИДЕО)

Фото: Getty Images

Фитнес-тајната на Хале Бери, која важи за една од најзгодните холивудски актерки, е мошне едноставна. Згодната актерка никогаш не ги прави вежбите што не ги сака!

Долго време мислев дека треба да правам стомачни вежби за да имам мускули какви што сакам. Не уживав во нив, но ми помогнаа да имам дефинирани стомачни мускули“, вели Хале.

 

Кога почнав да тренирам со Питер Ли Томас пред пет години, сфатив дека идејата дека мора да правам многу стомачни е чиста заблуда“, објаснува актерката, и додава: „Всушност, мојот просечен тренинг во последно време не вклучува ниту една стомачна вежба, освен ако тренирам заради некој филм кој бара специфичен изглед. Сепак, мојот стомак е еднакво силен и дефиниран како и порано. Вежбите што ги правам со Питер ги активираат мускулите на целото тело, многу се интересни, а кога правам чучнувања – повторно ги активиран стомачните. Секој тренинг е различен. Дома си одам задоволна, знаејќи дека напорно сум работела на повеќето мускули.“

Фото: Инстаграм, Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.