И покрај разликата од 35 години, Верица и Вељко во јавноста изгледаат како вљубени тинејџери

Ова е тајната на таквата енергија

Тие се една од најинтригантните двојки. Модната креаторка Верица Ракочевиќ (72) и композиторот Вељко Кузманчевиќ (37) не кријат дека спротивностите ги привлекле, а дека ги споила и засекогаш врзала вистинска и најчиста љубов.

Ние сме два сосема различни света, генерациски, со различни енергии и интереси. Не’ спои универзумот за да ги завршиме во оваа димензија недовршените работи од минатите животи. За среќа, оваа лекција и на двајцата ни донесе прекрасно искуство. Кога разликите се олку големи, расправиите се бурни и интензивни и никој не сака да попушти. Мирот настапува кога и двајцата ќе почнеме да се смееме поради глупоста заради која се расправаме“, раскажува дизајнерката во разговорот за магазинот „Стори“, а нејзиниот 35 години помлад сопруг додава:

Нашите расправии се смешни бидејќи не се вистински, повеќе станува збор за расправија и за судир на мислења, а смирувањето е едноставно – послабиот попушта, во нашиот случај, тоа е Верица.

Кога ќе се појават во јавност, Верица и Вељко изгледаат како вљубени тинејџери, а еве во што е тајната на таа енергија.

Таквиот однос или ќе се случи или нема. Нашиот случај покажа дека е вистинита изреката – за секое лонче има капаче! Во нас се искрени чувства, кои и самите не ни се секогаш јасни, но ни носат радост и суштински однос на маж и жена“, вели Вељко.

Фото: Петар Ѓорѓевиќ за „Стори“

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.