Не ги фрлајте остатоците: Направете пита од бајат леб!

Бидете економични

Ако ви е жал да фрлате храна, искористете ги остатоците за да направите пита од бајат леб!

Состојки:
  • 500 г бајат леб
  • 500 мл јогурт
  • 200 г павлака
  • 4 јајца
  • 100 мл масло
  • 1 прашок за печиво
  • 150 г шунка
  • 200 г кашкавал
  • 100 г маринирани шампињони
  • 50 мл кечап
  • оригано
  • сол

Приготвување:

1. Бајатиот леб сосе кората се сечка на коцки.

2. Посебно се поврзуваат јогуртот, павлаката, јајцата, маслото и прашокот за печиво. Се посолува по вкус и добро се меша со маталка, да се добие воедначена смеса. Се прелева преку исечканиот леб.

3. Шунката се сечка на коцки, а маринираните шампињони на листови, па сето тоа заедно се додава во садот со лебот. Се додава и половина од ренданиот кашкавал, се посипува со оригано и полека се меша за да се поврзат состојките, а лебот рамномерно да се натопи со преливот.

4. Се зема плех со големина по желба (ако се одбере помал плех, питата ќе биде подебела и посочна, во спротивно ќе биде потенка и покрцкава), па во неа се истура приготвената смеса. Рамномерно се распоредува, се посипува со остатокот од ренданиот кашкавал и се попрскува со кечап.

5. Се пече во загреана рерна на 200°Ц, додека порумени. Печената пита се остава да се олади, а потоа се сече на коцки и се послужува.

Извор: Добра храна

Секој може да ја направи, а никој не може да и’ одолее: Пита со сирење и павлака
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.