Соодветната нега може значително да го одложи појавувањето на првите брчки

Годините го прават своето и обично прво се појавуваат на нашата кожа. Како што старееме, производството на колаген се намалува, што автоматски ја намалува еластичноста на кожата, што предизвикува појава на првите брчки на лицето, а особено на делот околу очите каде кожата е најтенка.

Експертите велат дека забрзаниот изглед на брчки е често предизвикан од неправилна нега на лицето. Правилното отстранување на шминка и вечерната нега можат значително да го намалат појавувањето на брчки околу очите. Ова значи да ги изберете вистинските производи што одговараат на вашата возраст и тип на кожа. Ако производите за отстранување шминка предизвикуваат чувство на печење или непријатност, променете ги и изберете други.

Би било добро за време на сончевите денови постојано да се носат очила со УВ заштита, бидејќи сонцето е една од главните причини за брчки.

Прочитајте и: Употребата на овој витамин може значително да ги намали знаците на стареење: Неопходен ѝ е на кожата по 40-та година!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.