Фитнес-тајни: Како да потрошите најмногу калории за најкратко време?

Бидете вити и здрави

Што мислите, со кои вежби ќе потрошите најмногу калории?

Се прашувате кои вежби согоруваат најмногу калории? Најпрво, важно е да знаете дека сите различно трошиме калории, а тоа зависи од неколку фактори:

1. Тежина – колку повеќе килограми имате толку повеќе енергија му треба на вашето тело, што значи дека ќе потрошите повеќе калории.

2. Интензитет на вежбите – колку е поинтензивна активноста толку повеќе калории ќе согори, а тоа се должи на фактот што најинтензивните вежби најмногу го забрзуваат срцебиењето.

3. Времетраење на тренингот – подолгите вежби горат повеќе калории. Спринтот од 30 секунди можеби е поинтензивен, но ќе согори помалку калории од триесетминутен тренинг со помал интензитет.

4. Мускулна маса – на мускулите им треба повеќе енергија одошто на маснотиите, па затоа и трошат повеќе калории. Како резултат на тоа, колку повеќе мускули имате толку повеќе калории ќе потрошите – дури и во мирување.

Трчањето е дефинитивен победник!

Очекувано? Трчањето, особено тоа со висок интензитет подолг период, е една од најефективните вежби. Ако имате околу 70 килограми и трчате со брзина од 9 километри на час, можете да потрошите околу 364 калории за 30 минути или за 4,5 километри. Доколку, пак, трчате побрзо или наизменично трчате спринт па џогирате, можете дополнително да го зголемите бројот на потрошени калории. Сепак, работите не се толку очигледни. Точно е дека можете да потрошите повеќе калории во моментот додека правите кардиовежби отколку додека кревате тегови, но тежинските и анаеробните тренинзи го продолжуваат согорувањето калории по вежбањето, од неколку часа до неколку дена. Па, затоа, не треба сосема да ги исклучите од вашиот план за вежбање. Тежинскиот тренинг има значителен продолжен ефект поради тоа што колку е поголем интензитетот на вежбите толку повеќе кислород ќе му треба на телото за да закрепне и да ги обнови мускулите.

ВЕЖБИ СО НАЈГОЛЕМ ЕФЕКТ

1. Скокање со јаже – ако правите по 120 скока во минута, можете да потрошите 667-990 калории за еден час.

2. Трчање по угорнина – ќе потрошите 639-946 калории за еден час, но најдобро е да трчате спринт 20 секунди, па да трчате со умерено темпо околу 40 секунди.

3. Кикбокс – овој сè попопуларен спорт помеѓу жените ќе ви помогне да потрошите 582-864 калории за еден час.

4. Вежби со кетлбел – тренингот со висок интензитет (HIIT) во придружба со кетлбел ќе го продолжи ефектот на согорување калории и до 36 часа откако ќе си заминете од вежбалница, а за најдобри резултати, обидете се да не правите паузи помеѓу секое движење и ќе потрошите 554-822 калории за еден час.

5. Аеробен танц – аеробните танци, како што е зумба, може да потрошат сериозен број на калории, дури до 600 за еден час!

Подготвила: Марија Лукаревска

ФОТО: GETTY IMAGES

Вежба за која се потребни само 10 минути на ден, ќе го активира целото тело, а може да ја изведувате дома
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.