Направи сама: Банана и кокосово масло за сјај на косата

Зимскиот и студениот ветер лошо влијаат на косата, поради што побрзо паѓа и се масти. Затоа ѝ треба повеќе грижа од вообичаеното, а негувателните маски за коса би можеле да ви помогнат во овој случај.

Можете сами да направите маска за коса дома, има многу рецепти, а ви препорачуваме да пробате маска од банана и кокосово масло што ќе ја храни косата ѝ ќе и го врати сјајот.

Состојки:

  • една зрела банана
  • 2 лажици кокосово масло
  • 2 лажици мед
  • 1/2 чаша кокосово млеко или јогурт
  • 1 лажичка путер
  • 1 жолчка од јајце

Постапка: Измешајте ги сите состојки и претходно изгмечете ја бананата. Можете исто така да ставите сè во блендер. Нанесете ја маската од корените до врвовите на косата, а потоа завиткајте ја косата во крпа или ставете капа за туширање. Оставете да делува околу 30 минути, а потоа исплакнете и продолжете со вообичаената рутина за миење.

Прочитајте и: Феноменален трик: Направете го ова навечер пред спиење и ќе се разбудите со совршени кадрици! (ВИДЕО)

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.